Петок, 23 oктомври, неработен ден за сите граѓани


По повод Денот на македонската револуционерна борба, петок, 23 oктомври, ќе биде неработен за сите граѓани на државата согласно Закон за празници, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита празникот – Денот на Македонската револуционерна борба.

Ќе се одлучува за нови рестрикции – уште 535 заразени, над половина во Скопје


Нов негативен рекорд вчера во Ковид-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Од 2445 направени тестови, вирусот е потврден и кај 30 луѓе во Струмица, 26 во Прилеп, 24 во Гевгелија и 22 во Штип. Двоцифрени бројки на новозаразени имаат и Тетово – 18, Куманово – […]

Втор ден расправа на Македонско-бугарската комисија, Ѓоргиев и Димитров попладне ќе информираат за разговорите


Втор ден расправа на македонските и бугарските историчари денеска во Клубот на пратеници во рамки на десеттата средба на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Комисијата заседава по пауза од речиси една година, а причина за тоа била пандемијата со Ковид-19, но и изборите кои се […]

Времен сообраќаен режим во Скопје поради снимање филм


Од 11 до 14 часот денеска во Скопје ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, од 14 до 18 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и од 14 до 17 часот на бул. „ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија. Како што соопшти […]

Облачно со дожд и ветер


Времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а […]

Љупчо Николовски ќе бара разрешување на Димова


Потпретседателот на владата, Љупчо Николовски, вечерва најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми, Лидија Димова, на седницата на владата идниот вторник по скандалот со грантовите во вредност од 270.000 евра доделени на компанијата„В.Е.З. Трејд“ на извесен Зоран Златковски. „Димова треба да поднесе политичка и морална одговорност, а понатаму институциите […]

Филипче: Утре ќе се дискутира за можни нови мерки, има болнички места и медицински кадар


Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе одлучува дали ќе има нови рестритивни мерки покрај предложените и тие што се во сила и ќе се анализира на што се должи скокот на новозаразени во последните денови и кој е начинот на трансмисија на вирусот. Министерот за здравство вечерва во гостување во Дневникот на ТВ […]

Хоспитализирани 245 болни од Ковид 19 низ земјата


Во пет болници во државата се хоспитализирани 245 пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство. Најмногу се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје – 95. Од нив на кислородна поддршка се 63, а на механичка вентилација нема ниту еден пациент. Во Градската општа болница „8 Септември“, пак, има 40 […]

Епидемијата „експлодира“, има 535 новозаразени за 24 часа


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 277 -Куманово 17 -Дебар 7 -Штип 22 -Прилеп 26 -Тетово 18 -Струга 8 -Велес 10 -Битола 13 -Охрид 4 -Кавадарци 4 -Гостивар 5 -Гевгелија 24 -Струмица 30 -Крива Паланка 2 -Радовиш 6 […]

Првооделенец од кумановското училиште „Крсте Мирисков“ позитивен на корона вирус, цело одделение и наставничката во изолација


Ученик од прво одделение од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ е позитивен на коронавирус, соопштија денеска надлежните од училиштето. По препорака на стручните служби од Центарот за јавно здравје целото одделение и учителката се во изолација. – Наставничката нè информираше дека првин родителот на ученикот бил тестиран во петокот, пред продолжениот викенд, покажан е позитивен […]

Иницијатива „Скопје од иднината“ за промена во главниот град


Иницијативата „Future Skopje“ или „Скопје од иднината“ има за цел урбана трансформација на Скопје и ги повикува сите жители, без разлика на нивната возраст, потекло, професија или интереси, сите оние кои работат во Скопје или пак редовно го посетуваат да ги споделат своите желби, потреби и визии за иднината на градот. Со пополнување на анонимниот […]

Царовска: Нема назнаки дека наставата со физичко присуство би прекинала


Околу 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава, а другите 13 отсто се оние кои имаат проблем со пристап до интернет или имаат проблем со пристап до техничка опрема, но тоа, како што рече министерката за образование Мила Царовска, дневно се надминува и е проблем кој се знае од првиот момент. – Осумдесет […]

Нов кристален лустер специјално нарачан од Турција ќе го краси Офицерски во Битола


Новиот голем лустер ќе биде поставен за неколку дена. Стариот лустер, кој падна во 2016 година и се наоѓа во Музејот на Битола, ќе биде реставриран   БИТОЛА – Нов лустер, со кристали налик на капки од вода, специјално нарачан од Турција ќе ја краси и осветлува свечената концертна сала во Офицерскиот дом во Битола. […]

Заев: Да ги почитуваме мерките, а здравствениот систем сигурно ќе се снајде


– Здравствениот систем сигурно нема да колабира, имаме обезбедено болнички капацитети за сите. Лекарите, медицинските сестри и целиот здравствен персонал се максимално посветени, полицијата и инспекциските служби си ја вршат работата, а најголема помош ни се граѓаните, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев кој заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, […]

Екопарк со едукативни содржини отворен во Битола


Мини училници на отворено, направи за балансирање, дрвени греди за рамнотежа, едукација преку игра, учење на бројки и букви, математички операции, забава и рекреација, се само дел од содржините кои ги нуди новиот Природен парк (Еко парк) во состав на Градскиот парк во Битола, кое деновиве е едно од најпосетуваните катчиња од родителите и мајмладата […]

За една недела подигнати 249 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје


Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 249 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 30 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 219  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, […]

Од отворањето на градинките досега регистрирани 15 случаи на коронавирус кај деца и 44 кај вработени


Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус. Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од […]

Гевгелија доби мерна станица за квалитет на воздух


Денеска во Гевгелија се пушти во употреба новата мониторинг станица за квалитет на воздух со што бројот на официјалните мониторинг станици во дражавата се зголеми на 18 и една дополнителна, мобилна мерна станица. „Ова значи збогатување на националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот, со што всушност ги остваруваме нашите стратешки цели и […]

Студентите од шеста година по општа медицина ќе им помагаат на своите колеги епидемиолози


Министерот за здравство Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска денеска се сретнаа со студентите од шеста година по општа медицина. На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. – Во услови кога се соочуваме со најголемата […]

Захариева: Софија е против разделување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ


– Бугарија е против разделувањето на Албанија и на Северна Македонија при започнувањето на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај. Захариева посочи и дека „бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да […]