Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 12:57 часот во гостиварскиот регион.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово.

Земјотресот е почуствуван во околината на Гостивар, Кичево и Маврово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.