Ковид-19 втурна 25 илјади лица во релативна и уште 100 илјади во апсолутна сиромаштија


Како последица на пандемијата со корона вирусот, односно губењето на работните места или намалувањето на платите 25 илјади лица во нашата земја се втурнати во релативна сиромаштија, а нови 100 илјади граѓани ќе живеат со помалку од 125 денари на ден, односно ќе западнат во апсолутна сиромаштија, покажуваат резултатите од истражувањето што го направи институтот […]

(Видео) Заев: Искоренувањето на сиромаштијата е наш секојдневен мотив


Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста, порача денеска премиерот Зоран […]

Продолжен рокот за субвенции за инвертери


Град Скопје од денеска го продолжува распишаниот јавен повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, при што граѓаните ќе може да аплицираат и онлајн. Рокот се продолжува поради тоа што со досега пристигнатите барања не се исцрпени предвидените средства. -Откако Градот Скопје ги обработи пристигнатите 4.282  барања за субвенции и утврди […]

Донаторска акција „Нахрани 10.000“


По повод „Неделата на солидарноста“ денеска на 18 локации во шест градови –  Скопје, Битола, Неготино, Струмица, Кочани и Виница ќе се одржи Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Мрежата „Сите сити“ во координација со Ајде Македонија. Станува збор за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање […]

За шест месеци доставени 120 барања за бесплатна правна помош до Министерството за правда


Со Законот за бесплатна правна помош што почна да се применува од октомври минатата година постапката за остварување ова право е олеснета и доближена до слабоимотната категорија на граѓани. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава, како што информираат од Министерство за правда за МИА, доставени се вкупно 120 барања за секундарна правна […]

Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово


Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“. Со присуство на највисокиот воен и […]

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки


Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и до 50 отсто да е исполнет капацитетот во јавниот превоз. Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот, но во […]

Сончево со умерена облачност


Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност која во […]

Нови 438 случаи со Ковид-19, починати се шест пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 200 – Куманово 21 – Дебар 1 – Штип 17 – Прилеп 13 – Тетово 27 – Велес 7 – Битола 18 – Охрид 16 – Кавадарци 9 – Гостивар 2 – Гевгелија 10 – Струмица […]

Вицепремиерот Битиќи во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19. „Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но […]

Уште три медицински сестри позитивни на Ковид-19 во струмичката болница


Нови три медицински сестри од новоотворениот Оддел за инфективни болести при Струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и со тоа вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на осум, од кои двајца се лекари, информира директорот Наќе Гогов. -И покрај тоа што ангажиравме персонал од други одделенија, сепак се чувствува потреба од дополнителен персонал, […]

Засега нема промени во начинот на одвивање на наставата


Засега не се планираат промени на досегашниот начин на одвивање на образовниот процес, рече Арафат Шабани заменик министерот за образование и наука по посетата на неколку училишта во Гостивар. Тој лично очекува епидемоилошката состојба да се подобри, но доколку здравствените власти оценат дека училиштата треба да се затворот, ќе се премине на онлајн настава. Шабани […]

Армијата на Република Северна Македонија утре во прва мисија како членка на НАТО


Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР. Утре во првата ротација 44 припадници на Армијата ќе се упатат во мисијата на НАТО во Косово, составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“. Со […]

Маричиќ: Рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на здравјето


Наша заложба е рестриктивните мерки да бидат минимални и само кога е тоа нужно за заштита на јавното здравје. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза, изјави министерот за правда Бојан Мариќ на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа […]

Пендаровски: Короната не треба да наштети на работничките права


Независно од корона кризата, не смееме да потфрлиме во заштитата на работниците и нивните права. Исклучително е важно институциите да бидат отворени за граѓанските иницијативи кои се залагаат за работничките права. Потребна е соработка меѓу државата, бизнисот и граѓанскиот сектор, но и дебата за носење решенија кои не смеат да бидат на шетата на работникот, […]

Караџовски: И полициски час е опција ако нема резултат од новите мерки


Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, предупредува дека со вакво непочитување на мерките  бројот на новозаболени ќе расте  и над 500-600, па и до 1 000 случаи дневно. Во моментов, како што вели, не се размислува за воведување полициски час, но доколку новите мерки не дадат резултати, вели, и тоа е опција […]

Заев: Бројките со заразени ме застрашуваат


Лично јас не сум поддржувач на затворање, на полициски часови, но сум пoддржувач на сето тоа што ќе може да ограничи можност за ширење на заразата од коронавирусот. Верувам дека ќе бидеме мудри, а и многу често учиме и споделуваме искуства од другите земји, истакна денеска премиерот Зоран Заев при обиколката на претоварна станица во […]

Милевски: Пандемијата ги намали парите на општините, потребна државна помош


Средствата за регионален развој за осумте плански региони нема да се намалат во Буџетот за 2021 година. Тоа е според првичните проекции и информации од Министерството за финансии, најави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој заедно со в.д. градоначалникот на Општина Штип ја посетија сензорната соба во детската градина „Астибо“ во Штип. – […]

Заев: Не сакам да разговарам за „План Б“ за евроинтеграциите, мора да успееме


Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за чкленство со ЕУ. – Не сакам да разговарам […]

Донација од ЕУ, понудена преку Словачка, за справување со Ковид-19


Европската унија испорача уште една пратка на залихи за Северна Македонија оваа недела, во обид да и помогне на земјата во справувањето со кризата со корона вирусот. Оваа помош е понудена од Република Словачка, преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а примопредавањето на донацијата ќе се изврши денеска во касарната „Гоце Делчев”. Помошта се […]