Секој ден од Ковид-19 умира некој на возраст од 40-тина години


Фото: Б. Грданоски

Според денешниот извештај за починатите од Ковид-19, во 26 починати, еден е на возраст од 42 години.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г).

Вчера, имаше двајца, на возраст од 44 години од Скопје и Дебар (43г.). Завчера еден пациент на возраст од 48 години ов Битола, а еден е 34 од Скопје, а во саботата сите се над 51-годишна возраст.

Мината недела, до петокот, петмина пациенти биле на возраст од 40-50 години.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 14 до 20 декември 2020 година, пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.