ДКСК пред Владата го презентира упатството за правилата за ад-хок откривање случаи на судир на интереси


Претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на владина седница го презентираа Практичното упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси, како обврска на нашата држава од петтиот круг на евалуацијата на ГРЕКО.

– Целта на ова Упатство, како водич со препораки за вршителите на јавните функции и на антикорупционерите е да помогне во откривање и управување со судирот на интереси за лицата кои вршат највисоки извршни функции, објаснуваат од Владата.

Освен тоа, Владата на денешната седница даде согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните години на Државната комисија за спречување на корупцијата, за набавка за изработка на Регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, како и модул за менаџирање со документи и за одржување на целокупниот систем.