Земјотрес во Гостивар и Тетово


Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер попладнево ги погоди Гостивар, Тетово и околината.
 

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 12.57 часот од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово, со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од населението во Гостивар, Кичево, Маврово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.