Умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност


Фото: Б. Грданоски

Времето во земјава ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.