Градинките почнуваат со работа


Установите за згрижување и воспитување на децата од денеска почнуваат со работа согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со Ковид-19, како што посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на …

Градинките почнуваат со работа Read More »

Сончево и топло со слаб ветер, температурата до 34 степени


Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 27 до 34 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, …

Сончево и топло со слаб ветер, температурата до 34 степени Read More »

Боки 13 итно опериран во поранешната Градска болница


Бојан Јовановски, алијас Боки 13, денеска бил итно пренесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна Градска болница во Скопје), објави вечерва Фактор. Причина, според болнички извори како што се наведува во веста, е силно воспаление на желудникот поради што ќе биде подложен на хируршки зафат. Јовановски и за време на рочиштата за предметот …

Боки 13 итно опериран во поранешната Градска болница Read More »

Зошто бројот на хоспитализирани и починати е уште голем кога се намалува бројката на активно заболени


  Јасно е дека бројката на нови инфекции не се намалува онака како што би сакале граѓаните, а и здравствените власти, но од 1 септември има еден по малку чуден развој на епидемијата. Сериозно се намалува бројот на активно заболените, но никако не паѓаат хоспитализациите, ниту пак бројот на починати. Според податоците на Министерството за …

Зошто бројот на хоспитализирани и починати е уште голем кога се намалува бројката на активно заболени Read More »

Македонија и земјите од регионот со најштетни последици по здравјето од загадувањето


 Последниот извештај на Европската агенција за животна средина, ЕЕА, покажува дека аерозагадувањето и натаму претставува најголема еколошка опасност по здравјето, а Северна Македонија и другите земји од регионот конзистентно покажуваат лоши резултати во анализите за последиците од загадувањето врз здравјето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел. Албанија и Босна и Херцеговина бележат најлоши …

Македонија и земјите од регионот со најштетни последици по здравјето од загадувањето Read More »

Во Скопје нема општини со повеќе од 100 заразени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани во Скопје се 33 нови случаи на корона вирус, а оздравени се 48, додека еден пациент ппочинат е на 59 годишна возраст. Вкупната бројка од почетокот во Скопје изнесува 6.156 од кои активни се 575. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките …

Во Скопје нема општини со повеќе од 100 заразени Read More »

Нови 99 случаи со Ковид-19, осум починати, 214 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6. Починати се осум пациенти од кои двајца од Тетово (60 г. и 71 г.), еден од Делчево (78 г.), …

Нови 99 случаи со Ковид-19, осум починати, 214 оздравени пациенти Read More »

Се реконструира улицата „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир


Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите …

Се реконструира улицата „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир Read More »

Заев: Независноста ја одбележуваме слободни и отворени кон светот


Пред Владата утрово почна централното чествување по повод Денот на независноста, 8 Септември. Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред бројните гости, претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и медиумите, истакна дека стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја. Денес, потенцира Заев, независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и …

Заев: Независноста ја одбележуваме слободни и отворени кон светот Read More »

Цвеќе за стакло нуди „Пакомак“


Пакомак преку акција за собирање стакло им нуди можност на граѓаните да се ослободат од стаклениот амбалажен отпад од тегли и шишиња и да го заменат со семе за цвеќе. За најмалку две гајби тегли и шишиња или, пак, шест килограми стакло, Пакомак подарува едно пакетче ароматични семиња за расад. -Се што треба да направите …

Цвеќе за стакло нуди „Пакомак“ Read More »

Честитка од Помпео за 8 Септември: САД остануваат ваш цврст сојузник


Оваа година и честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на земјата за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова огромно достигнување, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во име на владата и американскиот народ во честитиката по повод Денот на независноста на …

Честитка од Помпео за 8 Септември: САД остануваат ваш цврст сојузник Read More »

Прва хронометар велосипедска трка во Маврово


Во Маврово денеска првпат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, за професионални и аматерски велосипедисти, во рамки на која ќе се вози патека во должина од 22 километри, во правец Бистра – Леуново – Бистра. Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории, про и хоби. Категоријата про ги опфаќа членовите на клубовите …

Прва хронометар велосипедска трка во Маврово Read More »

Врачување на државната награда „8 Септември“


Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Собранието ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година. Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на …

Врачување на државната награда „8 Септември“ Read More »

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа


Како последица од Ковид-19, на 52 – годишна возраст синоќа почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа и познат бизнисмен во нашата земја и во Италија. Како што информираа од општината, Хасан починал во болнички услови во Скопје каде бил хоспитализиран повеќе од две недели, откако му било дијагностицирано дека е позитивен на …

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа Read More »

Активни 2.018 случаи на Ковид-19, препорака за враќање на работа на хронично болните


Нови 37 случаи со Ковид-19 од 484 тестирања беа евидентирани во вчерашната 24 часовна статистика на Министерството за здравство. Починати се шест пациенти, од Скопје (73 г.), Струга (79 г), Гостивар (55 г.), Крива Паланка (63 г.), Делчево (86 г.) и од Кичево (74 г.). Регистрирани се 251 оздравен пациент. Вкупниот број на ковид дијагностицирани …

Активни 2.018 случаи на Ковид-19, препорака за враќање на работа на хронично болните Read More »

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 35 степени. Во Скопје и …

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени Read More »

Филипче за хронично болните да се вратат на работа: Немаат проблем ако ги почитуваат протоколите


– Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе коишто имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан во ГОБ „8-ми септември”, одговарајќи на новинарско прашање да ја појасни препораката …

Филипче за хронично болните да се вратат на работа: Немаат проблем ако ги почитуваат протоколите Read More »

Дванаесетте странски државјани со КОВИД-19 во Гевгелија се чешки гранични полицајци


Дванаесетте странски државјани заразени со КОВИД-19, посочени во денешниот извештај на здравствените власти се чешки полицајци кои ја чуваат македонско-грчката граница. Како што јавија повеќе медиуми, полицајците биле без симптоми, но по добивање на резултатите од тестовите се во изолација, како и триесетина нивни колеги со кои имале контакт. Овие полицајци се дел од мешаните полициски …

Дванаесетте странски државјани со КОВИД-19 во Гевгелија се чешки гранични полицајци Read More »

Сопственоста врз земјиштето е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев за ШИК Јелак


Почитувањето на неизнасилено градење мора да биде составен дел на урбанизмот, почитувањето на зелените површини, и соодветен број на паркинг места е законски императив вграден во македонските закони што треба да се почитуваат. Сето друго е голо политиканство. Уште еднаш го кажувам главниот факт на какво било обвинување. Сопственоста на тоа земјиште или акционерска сопственост …

Сопственоста врз земјиштето е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Заев за ШИК Јелак Read More »

Заев: Владата не рушеше пред „Мавровка“, туку асистираше на Општина Чаир


– Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир која рушеше, заради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, ние понудивме да асистираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите. Тој, посочи дека станува збор за проблем што општината Чаир месец два не можела …

Заев: Владата не рушеше пред „Мавровка“, туку асистираше на Општина Чаир Read More »