Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура …

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите Read More »

Трајановски: Инаетот на ВМРО-ДПМНЕ чини 1.650.000 евра за БРТ!


Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости. Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на …

Трајановски: Инаетот на ВМРО-ДПМНЕ чини 1.650.000 евра за БРТ! Read More »

Со „фингерпринт“ за работно време, ќе добиете само револт, порача д-р Лазаров до министерот


Докторот Ненад Лазаров остро реагираше на најавата на министерот за здравство Азир Алиу за воведување систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници. Според Лазаров, ваквата мерка нема да донесе суштински подобрувања во системот, туку ќе предизвика револт кај медицинскиот кадар, особено во услови кога, како што посочува, платите на специјалистите во …

Со „фингерпринт“ за работно време, ќе добиете само револт, порача д-р Лазаров до министерот Read More »

Алиу: Доктор вработен во јавно здравство заработил 700.000 денари за еден месец


Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. – И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел …

Алиу: Доктор вработен во јавно здравство заработил 700.000 денари за еден месец Read More »

Од 1 април, зонско во Реонски центар


Долгонајавуваното зонско паркирање, во Реонски центар и Ново Лисиче, почнува со примена од 1 април годинава. Последно беше најавено за октомври лани, но тоа не се случи. Прво почнува кај Реонски, односно кај маркетите „Жито“ и „Кам“, како и трговскиот „Лиса“, а потоа и од спротивната страна во реонот на Ново Лисиче, најави градоначалникот на …

Од 1 април, зонско во Реонски центар Read More »

Пеликаните се вистински симбол на дивата убавина на Преспанското Езеро


Преспа е дом на илјадници видови живи организми, а најамблематичен меѓу нив е секако кадроглавиот пеликан. „Зошто?“ – ќе се запрашате. Епа, затоа што Преспа ја има најголемата колонија на кадроглави пеликани во светот!   Со својот величествен изглед, пеликаните се вистински симбол на дивата убавина на Преспанското Езеро. Нивното присуство не е само визуелно …

Пеликаните се вистински симбол на дивата убавина на Преспанското Езеро Read More »

Предметите за полицајците од „Пулс“ без обвинител, Трајчева не доби нов мандат


Ивана Трајчева, обвинителката позната по гонењето на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, Исмет Гури од ДУИ, застапувањето на предметот „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, не доби можност да гони организиран криминал, бидејќи не беше избрана повторно откако таа ја заврши истрагата и покрена постапки против полицајците и началниците од МВР, кои ги смета за одговорни …

Предметите за полицајците од „Пулс“ без обвинител, Трајчева не доби нов мандат Read More »

Жичницата на Водно нема да работи поради неповолни временски услови


Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.   Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.   Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно …

Жичницата на Водно нема да работи поради неповолни временски услови Read More »

БРТ нема да поминува по средишното зеленило, туку по крајните ленти


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот …

БРТ нема да поминува по средишното зеленило, туку по крајните ленти Read More »

Алиу најави нов закон за лекови – побрзо одобрување нови


Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција најави дека следната недела на ЕНЕР ќе биде објавен нов закон за лекови усогласен со европските стандарди. Потенцира дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потреба да се усогласи со европските регулативи. Информира дека на новото законско решение се работело три години. – …

Алиу најави нов закон за лекови – побрзо одобрување нови Read More »

По две децении се враќа средното полициско училиште


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната научно-стручна конференција порача дека „системот го носат луѓето“, а не само опремата. Тој најави дека клучниот столб за градење квалитетен кадар ќе биде повторното воспоставување на средното полициско училиште, проект кој се враќа по пауза од повеќе од 20 години. Според Тошковски, психофизичката подготвеност е основата на …

По две децении се враќа средното полициско училиште Read More »

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје – гарантира стабилно снабдување


 По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство …

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје – гарантира стабилно снабдување Read More »

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал


Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство …

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал Read More »

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда


 Викендов и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. -Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието …

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда Read More »

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши завршен увид на новата централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, каде градежните активности се целосно завршени и по набавка на опремата објектот ќе биде целосно ставен во функција. Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 м² на две нивоа. На долниот кат, …

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден Read More »

Галичник отсечен – снег повторно го затрупа патот; под снег и Крушево


Месната заедница Галичник упати итно предупредување до граѓаните и посетителите дека патниот правец кон селото во моментов е небезбеден за сообраќај. Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатата ноќ, патот е тешко прооден и не се препорачува за користење. Екипите на надлежните служби веќе се излезени на терен и работат на расчистување на …

Галичник отсечен – снег повторно го затрупа патот; под снег и Крушево Read More »

СДСМ тврди дека ЗНАМ се распаѓа


  Опозициската СДСМ вели преку соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледал историски пад на партијата и веќе непостоење на ЗНАМ. „Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ: Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе …

СДСМ тврди дека ЗНАМ се распаѓа Read More »

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО – Скопје


Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство – Скопје.  На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и …

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО – Скопје Read More »

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026


Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на  Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации. Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе …

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026 Read More »

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032


Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација.  -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот …

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032 Read More »