Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд


 Под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер, кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува […]

СДСМ го повикува обвинителот Савески да постапува за Алта банка


  Јавниот обвинител Ненад Савески да го прекине молкот и да постапи независно за Алта банка, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција. Фрчкоски посочи дека после 20 дена откако скандалот излезе на виделина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица, […]

Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози


Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци […]

Слаба заштита, недостиг на кадар и пропуштени снимања нотира ДЗР во ФЗО


Само седум од 42 систематизирани работни места во Секторот за информатика на Фондот за здравствено осигурување биле пополнети во периодот опфатен со ревизијата, односно 16,67 проценти. Ова е еден од клучните наоди на Државниот завод за ревизија, кој утврдил повеќе слабости во заштитата на информацискиот систем на Фондот и оценил дека се потребни дополнителни мерки […]

Во Штип саниран и вториот дефект на главната водоводна линија, високите зони постепено добиваат вода за пиење


Саниран е и вториот дефект на главната водоводна линија во Штип. Водоснабдувањето полека се нормализира, а во високите зони пристигнува водата за пиење, со намален притисок. Во соопштението на комуналното претпријатие „Исар“ се наведува дека  дефектот е саниран од страна на стручните лица од работна единица „Водовод и канализација“. – По секој голем дефект,нормализирањето на […]

„Охрид не молчи! Доста е!“: Граѓаните во Охрид излегуваат на протест против насилството врз жените


Со порака дека е доста од молчење, оправдувања и институционално непостапување, во Охрид за 21 ноември е најавен мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство. Протестот ќе се одржи во сабота, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“. Повод за собирот се загриженоста и револтот поради насилството […]

Светскиот експерт за иновации Џон Бесант ќе одржи предавање на Економскиот факултет во Скопје


Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде домаќин на проф. Џон Бесант (John Bessant), еден од водечките светски експерти во областа на иновациите, претприемништвото и управувањето со иновациските процеси. Проф. Бесант е почесен професор на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија, и коавтор на книгите „Managing Innovation“ и „Innovation and […]

Сообраќајот на државните патишта утрово по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ДППУ Стентон Градба ДОО Битола известува дека од 17.11.2026 г. сообраќајот на Регионалниот […]

FutureX Summit 2026 во Скопје: Како вештачката интелигенција и новите професии го менуваат образованието и кариерата


Влијанието на вештачката интелигенција и појавата на нови професии врз образованието, вештините и идните кариери ќе бидат во фокусот на FutureX Summit 2026, кој ќе се одржи денеска во Европска куќа Скопје. Настанот е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), со учество на домашни и меѓународни експерти од областа на образованието, бизнисот и […]

Делови од Кисела Вода, Петровец, Сопиште без струја


Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД. Според најавите, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Петровец – отцеп спроти село Ржаничино 4 од 8 до […]

Институтот за историја одбележува 80 години постоење со меѓународна научна конференција во Скопје


 По повод 80 години од основањето, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје организира дводневна меѓународна научна конференција на тема „Од национални приказни до испреплетени истории“. Конференцијата ќе биде отворена денеска на Филозофскиот факултет со воведни обраќања на министерката за образование и наука, Весна Јаневска и професорите Далибор Јовановски и Оливер Бакрески. Програмата опфаќа […]

МВР: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените


 Проблемот со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи е надминат и сите вработени повторно имаат обезбедено здравствено осигурување, информираат од МВР. – По преземените активности и координацијата со Фондот за здравствено осигурување, успешно е надминат настанатиот проблем, при што на сите вработени во Министерството за внатрешни работи повторно им е обезбедено здравствено […]

Променливо облачно со повремен дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 18 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 19  ноември 2026 година, 323-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 42 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 28 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 41 минута. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Пожар во гаража на трговски центар во Ѓорче Петров


Пожар избувнал во гаражата на трговскиот центар КАМ во скопската населба Ѓорче Петров. Според првичните информации, станува збор за запалено возило во гаражниот простор на трговскиот центар. Засега нема дополнителни информации за причините за пожарот и евентуална материјална штета.

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега залови 96 говеда во Крива Паланка. Како што потврди за МИА, се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на проблемот, во координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и локалната самоуправа. Проблем се непристапниот терен, но и опструкциите од поранешните сопственици на кравите. – АХВ […]

Петровец, Соње и негативните броеви од „Христо Татарчев“ утре без струја


Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД. Според најавите, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Петровец – спроти село Ржаничино од 8 до 15 […]

Јаневска: Фулбрајт програмата е значајна инвестиција во знаењето и развојот на младите


Меѓународната академска соработка е клучна за градење доверба, партнерства и меѓусебно разбирање меѓу народите, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на 80-годишнината од Фулбрајт програмата за образовна и културна размена на Владата на САД. Јаневска истакна дека програмата им овозможува на македонските студенти, научници и истражувачи да стекнат вредни знаења и […]

Со вкрстено испитување на вештото лице од одбраната на Груби продолжи судењето за „Државна лотарија“


Со вкрстено испитување на вештото лице Анита Поповска, од страна на одбраната на второобвинетиот Артан Груби, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Државна лотарија“, во кој покрај Груби, обвинет е и поранешниот директор на АД Државна лотарија, Перпарим Бајрами, и уште шест лица. Прашањата од бранителот на Груби, адвокат […]

Во приватниот фонд фалат 51 милион евра – не биле префрлени од државата


Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за пратенички прашања укажа дека 51 милион евра од парите на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб, а надлежните институции не преземаат ништо за решавање на овој сериозен проблем.Митрески, кој упати прашање до претседателот на МАПАС, Ремзи Бајрами, посочи дека долгот кон членовите на […]