Врачување на државната награда „11 Октомври“ во Собранието


Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2026. – највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Според одлуката која ја донесе Одборот за доделување, наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста […]

На 12 паноа животот на Гоце: Изложба во „Св. Спас“ по повод осум децении од пренесувањето на посмртните останки на Делчев


Во црквата „Св. Спас“ вечерва е отворена изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на македонскиот револуционер Гоце Делчев.  На 12 паноа се пренесени дел од животот и делото на Делчев, неговите писма, како и преписките меѓу двете влади за пренесувањето на неговите посмртни останки од Софија во Скопје. – Изложбата ја изработи […]

Мостот „Близнак“ утре два часа со посебен режим на сообраќај поради санација на заштитната пешачка ограда


ЈП „Улици и патишта“- Скопје информира дека утре во периодот од 6:00 часот до 8:00 часот, на потегот долж булевар „Киро Глигоров“ преку мостот „Близнак“, од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ (во насока на движење кон населба Аеродром), ќе реализираат активности за санација на оштетената заштитна пешачка ограда на мостот, односно […]

Скопското Кале добива нов лик, музеите ќе бидат дел од понудата за „Скопје 2028“,


На Скопското Кале привршуваат работите на два објекта за Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период, кои по адаптирањето се очекува да бидат ставени во функција наредната година.  Во музеите ќе бидат изложени предмети  најдени при од капиталните археолошки истражувања на Калето реализирани  од 2007 до 2016 година, откако тие ќе бидат концептуализирани по […]

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ги обнови двете градски цвеќарници во Скопје, најави градоначалникот Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ – „Роза“ на булеварот „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ и цвеќарницата кај Министерството за економија. – Скопје ги памети местата во кои започнуваа убавите моменти. Градските цвеќарници беа дел од тие […]

Клиника за психијатрија на Светскиот ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост


Треба да се слушне гласот на безгласните, бидејќи тие се личности кои заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Секој човек заслужува да биде слушнат, виден, разбран, вреднуван и почитуван и да добие соодветна помош кога му е потребна, порачува Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, кој годинава се […]

Во Кардиолошката болница во Охрид воведена нова метода за третман на калцифицирани артерии


Во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид е воведена интраваскуларна литотрипсија (IVL), современа минимално инвазивна метода за третман на тешки калцификати во периферните артерии. Новата процедура ја воведува стручниот тим предводен од д-р Дејан Манчевски, раководител на Одделот за перкутани артериски инвазивни процедури, трета нова процедура воведена […]

Меѓународен натпревар на готвачи на „Чкембе фест“ во Битола


Под мотото „Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“, синоќа во Битола почна првиот меѓународен натпревар на готвачи од Македонија, Турција и Унгарија, учесници на манифестацијата „Чкембе фест“. Викенд натпреварот кој се одржува на плоштадот „Магнолија“ во Битола го отвори градоначалникот Тони Коњановски кој истакна дека новата оригинална манифестација е можност за современа […]

Менталното здравје да стане општествена одговорност, апелира Комората на психолози


По повод Светскиот ден на менталното здравје, Комората на психолози денеска повика во 10 часот и 10 минути граѓаните, институциите и носителите на одлуки да одвојат момент за размислување за менталното здравје и за прашањето „Како си, навистина?“. Во јавната порака, Комората нагласува дека менталното здравје не треба да се третира само во моменти на […]

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје


Државниот архив на Македонија во соработка со НУ Конзерваторски центар Скопје организира изложба посветена на еден од најзначајните моменти во современата македонска историја: 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на великанот Гоце Делчев во Скопје. Изложбата ќе биде отворена вечер, во 18 часот, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што почиваат посмртните останки на […]

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта  утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација […]

Облачно со локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 […]

Може ли инсекти да се справат со македонскиот органски отпад? – Има иницијатива, но нема регулатива


  Во Неготино, во мала вертикална мини-фарма, малечките јајца на препелиците, органскиот отпад и инсектите живеат заедно. Ова не е обична фарма, туку експериментален прототип што треба да ги покаже придобивките од ваквата циркуларна економија. Неготинските екологисти што стојат зад овој експеримент велат дека инсектите, пред сè ларвите од црната мува војник, може да се […]

Договорите меѓу „Стардаст“ и изведувачите за 35 години независност се со степен на доверливост, но се поминати во УЈП


„Државна лотарија“ ги нема, ниту има право да ги има договорите склучени меѓу компанијата „Стардаст“ и изведувачите (артистите) што беа дел од програмата „Силно светнал ден“ по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Се работи за меѓусебни облигациски односи врз основа на комерцијални, интерни договори, што имаат одреден степен на доверливост, но поминати се низ […]

Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО


Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во Грција, ја потврдија заедничката заложба за заштита и афирмација на природното и културното наследство на Преспанскиот Регион, како и за заедничка подготовка на неговата номинација за Листата на светското наследство на УНЕСКО. Изјавата ја потпишаа […]

Клековски во Берлин – се сретна и со македонските лекари во Германија


Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA).    На панелот учествуваа и министерот за здравство […]

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар


Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз. Покрај асфалтирањето, уредено е и одводнувањето на улицата, со цел да за данема задржување на атмосферските води на  коловозот. Со тоа, жителите добиваат подобри услови за […]

Сушното лето повторно го намали водостојот на Дојранското Езеро


Водостојот на Дојранското Езеро повторно опаѓа по сушното лето и почетокот на есента, која не ги донесе посакуваните врнежи. Според последните извештаи на Управата за хидрометеоролошки работи, Езерото изгубило педесетте сантиметри кои ги поврати минатата година, во периодот од октомври до февруари. За разлика од февруари оваа година кога измерениот водостој изнесуваше 145,42 метри над […]

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар.  – По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето […]

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане


Основниот суд во Куманово го осуди Трајко Бојковски на доживотен затвор за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане, пренесува порталот Кумановски Муабети. Бојковски беше обвинет за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и […]