Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд


Фото: Б. Грданоски

 Под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер, кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час.

Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува да наврнат и над 15 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што посочувааат од таму, во Скопје ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец, со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.