Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на Пливачката федерација


Уште во 2023 година во Општина Карпош  почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден […]

Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево


Корисниците од дел од улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и  дел од ул. „Данка Фирфова“ во населба Лисиче во општина Аеродром денеска од 9 до 14 часот ќе немаат електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  ЕВН Македонија АД. Без струја од 9.30 до 13 часот ќе бидат и […]

Без вода дел од населбата Крњево


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ и улиците со број од 163 до 172 во населбата Крњево. Причина за прекинот е водоводен приклучок од ф150мм на ул.„ Дана Стуцки бр.18“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од денеска до 16 октомври ќе ги организира 11. Отворени денови. Институтот соопшти дека во рамки на годинашната манифестација ќе бидат чествувани неколку јубилеи: 1110 години од упокојувањето на Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа; 100 години од упокојувањето на Крсте Мисирков; […]

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 13 октомври 2026 година, 286-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 79 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 17 часот и 56 минути. Денов трае 11 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

ДУИ: МВР да го објави целосниот извештај за случајот со претепаните во Сарај


Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение бара Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај за интервенцијата од 7 октомври, при која, според партијата, двајца млади од Сарај на возраст од 21 и 23 години биле брутално претепани од полициски службеници. Од ДУИ наведуваат дека во јавноста се изнесени различни верзии за […]

Проданоски: Прилеп ја чува својата историја, а Армијата ја гарантира нашата сигурност


Во рамки на програмата „Приказна за градот херој“, по повод одбележувањето на 85 години од 11 Октомври – Денот на народното востание, во Прилеп беа презентирани современата опрема, техничките средства и оперативните капацитети на македонската Армија. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека настанот ја поврзува храброста и пожртвуваноста на претходните генерации со професионалноста и подготвеноста на […]

СДСМ бара оставка од Тошкoвски заради бегството на Михаилова


 СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност.  Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност, се наведува во реакцијата на СДСМ. „Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт Сè се работи под маса. Договори што само тие во Владата ги знаат.  Свечен […]

Во среда повторно ќе се чисти Скопје – сите да се вклучат!


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје. – Љубовта кон Скопје се гледа во делата. Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во […]

Жителите на Пчиња ја прекинаа блокадата на „Краста“, продолжува депонирањето отпад


 Жителите на кумановското село Пчиња денеска ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, по договор со Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“. По интервенцијата на механизацијата од повеќе претпријатија, општествено одговорни компании и со поддршка од други општини, пожарот на депонијата е изгаснат, а отпадот е покриен со земја. Санацијата ќе продолжи и во наредниот […]

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата од 139 милиони евра


По десет години од проектирањето, денеска официјално почна изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, дел од Коридорот 8, која треба да ги поврзе автопатите Кичево – Охрид и Тетово – Гостивар – Букојчани, пренесе МИА. Делницата ќе биде долга 11,5 километри, со две сообраќајни ленти и една лента за застанување во секоја насока. Проектираната […]

До 2040 година Битола ќе се поврзе со воз до аеродромите во Скопје и во Охрид


Битола со железничка линија да се поврзе со двата аеродрома во државата, во Скопје и во Охрид. Ова е предвидено во Нацрт-просторниот план на Македонија до 2040 година, кој беше презентиран во Битола, со посебен осврт на Пелагонискиот Регион. Целта е трите поголеми градови најоддалечени од Скопје – Битола, Струмица и Охрид – со железница […]

„Kamenica Trails 2026“ ја промовира Македонска Каменица како дестинација за планинско трчање и активен туризам


 Спортски дух, позитивна енергија и заедништво, беа во фокусот на спортскиот настан „Kamenica Trails 2026“, кој ја промовираше Македонска Каменица и нејзините природни убавини како потенцијална дестинација за планинско трчање и активен туризам. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова изрази задоволство од реализацијата на настанот, нагласувајќи дека ваквите спортски манифестации придонесуваат за промоција на […]

Од утре парно греење за корисниците на АД ЕСМ


Од утре парно греење ќе имаат корисниците приклучени на системите за греење со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“. Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но во согласност со регулативата може да започне и порано, во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната […]

Бугарски научници ја спорат размената со Грција


Дел од бугарската научна заедница се спротивставува на размената на 53 предмети од фондот на Националниот историски музеј во Софија со Грција, оценувајќи дека постапката отвора сериозни правни, научни и историски прашања. Меѓу предметите што се предаваат се икони, црковни садови, свети мошти и епископски престол, додека во замена се добиваат останки за кои се […]

ДОМ: Отрови во почвата, водата и воздухот – регионалните депонии доцнат


Само во Пелагонискиот плански регион има 110 диви депонии, најмногу во државата, а системот од регионални центри за отпад, кој треба да ги затвори, сè уште, во поголем дел, е само план. Податокот го изнесе Душица Трпчевска-Ангелковиќ од Агенцијата за планирање на просторот на јавна расправа во Битола, организирана од Министерството за животна средина и […]

Амбасадата на Шведска во Скопје го отвори конкурсот „Шведска амбасадорка на еден ден“


 Амбасадата на Шведска во Скопје по шести пат го отвори конкурсот за позицијата „Амбасадорка на еден ден“, наменет за девојки на возраст од 15 до 29 години кои се заинтересирани за прашањата поврзани со родовата еднаквост, еднаквите можности и спречувањето на насилството врз жените и девојките. Како што соопшти Амбасадата, избраната кандидатка ќе го следи […]

Без вода корисниците на дел од Усје


Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците на дел од Усје. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради уличен дефект на ул. „4“ / УСЈЕ бр.5. 

ИЕА ги повика земјите членки да го забрзаат ослободувањето на дизелот од резервите


Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ги повика земјите членки да ја забрзаат испораката на дизел од стратешките резерви и да разгледаат дополнително ослободување на резерви, предупредувајќи на сè поголемите притисоци врз глобалниот пазар на горива. Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, ги повика владите кои сè уште не го реализирале во целост ветеното ослободување на […]