Вкупно 415 граѓани ќе гласаат од изолација


Регистрацијата на гласачи кои се во изолација заврши синоќа на полноќ и според податоците на ДИК за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле вкупно 415 лица. По општини, најмногу пријавени има во Тетово-46 гласачи. Во Скопје се пријавени вкупно 130 гласачи, а по општини најмногу има од Гази Баба-31, во Бутел и Аеродром има …

Вкупно 415 граѓани ќе гласаат од изолација Read More »

Боки 13 денес во Обвинителството ќе зборува за кривичните пријави


Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во обвинителството повторно ќе дава исказ за кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“. Со поднесување на пријавите Јовановски почна на крајот на минатиот месец. Тогаш неговиот адвокат Саша Дукоски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки 13 се поради злоупотреба …

Боки 13 денес во Обвинителството ќе зборува за кривичните пријави Read More »

Филипче: Комплетно е реновирана службата за Итна медицинска помош во Велес


Во Здравствениот дом Велес во изминатите три години се извршени реконструктивни зафати во вредност над 10 милиони денари, со кои значително се унапредени условите за третман на пациентите од овој регион. Извршена е комплетна реконструкција на службата за Итна медицинска помош, во рамки на оваа јавна здравствена установа, во вредност од 3,6 милиони денари, со сопствени …

Филипче: Комплетно е реновирана службата за Итна медицинска помош во Велес Read More »

ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ


Од државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од денеска ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава …

ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ Read More »

Сончево и топло до 33 степени, УВ индекс- 9


Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индекост ќе биде 9. Во Скопје, сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне …

Сончево и топло до 33 степени, УВ индекс- 9 Read More »

Спасовски: Нема основа за нови рестрикции околу епидемијата


Има опаѓачки бројки во врска со бројот заболени од ковид-19. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме. Нема основа за нови рестрикции, доволно е да се почитуваат мерките, рече Оливер Спасовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. – Носиме мерки да помогнеме да не се …

Спасовски: Нема основа за нови рестрикции околу епидемијата Read More »

Уставниот суд остана со осум судии – на Владимир Стојаноски му заврши мандатот


На Владимир Стојаноски (59), судија со најдолг стаж во Уставниот суд, му заврши мандатот и тој веќе не е член на нависокиот суд во земјава. Без него во Уставниот суд сега има осум судии што до изборот на нов член во многу случаи би можело да предизвика изедначено гласање за каква било одлука. Мандатот на …

Уставниот суд остана со осум судии – на Владимир Стојаноски му заврши мандатот Read More »

Уставниот суд контра УНЕСКО, го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро


Сосема неочекувано, Уставниот суд на денешната седница го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро со образложение дека уредбата на Владата со законска сила не била мерка за справување на последиците од корона вирусот. Во соопштението на Уставниот суд се вели дека тој повел „постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила …

Уставниот суд контра УНЕСКО, го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро Read More »

(Галерија) Погледнете како ќе се гласа во услови на пандемија


Симулација на тоа како ќе изгледа изборниот ден, денеска се одржа во гимназијата „Јосоп Броз“ во Скопје, при што беа спроведени сите епидемиолошки мерки за заштита на граѓаните од корона вирус. На 15 јуни, среда, треба да се одржат првите парламентарни избори во услови на пандемија од корона вирус, па Државната изборна комисија спроведе симулација …

(Галерија) Погледнете како ќе се гласа во услови на пандемија Read More »

Гори прилепска Дабница – спасени викендичките


  Повеќе од седум часа е активен пожарот кој што зафати сува трева и насади во околината на Прилеп. Спасени се лозовите и боровите насади како и викендичките во околината, велат од прилепската Противпожарна единица, но пожарот останува активен. На теренот се три екипи со вкупно 11 пожарникари за да ја совладаат стихијата. Како што …

Гори прилепска Дабница – спасени викендичките Read More »

Стаменковска: Сопартијците на Манчевски нема кој да ги казни за незаконско работење


 Дополнителната заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски со објава на својот Фејсбук профил реагира на денешниот состанок на министерот за МИОА Дамјан Манчевски со директорката на Државниот управен инспекторат, Фаница Николоска. Стаменковска Стојковски во објавата вели дека денеска Манчевски „не одржал состанок со Фаница Николоска директорка на Државниот управен инспекторат, туку …

Стаменковска: Сопартијците на Манчевски нема кој да ги казни за незаконско работење Read More »

Филипче: Ако граѓаните од соседството само транзитираат – нема потреба од ПЦР тест


Во најскоро време Владата на седница ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво, изјави денеска министерот за …

Филипче: Ако граѓаните од соседството само транзитираат – нема потреба од ПЦР тест Read More »

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање


Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии поднеле 137 лица со позитивен тест за Ковид-19 и во самоизолација, како и 3.138 болни и немоќни лица. Во однос на учеството на здравствените работници во избирачките одбори и нивно изземање од страна на ДИК, Шеху …

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање Read More »

Уставниот суд ја одложи одлуката за застарување на случаите од СЈО до после одморите


Уставниот суд реши по одморите да одржи подготвителна седница за оценување на уставноста и законитоста на одредбите кои предвидуваат казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки и одлучи да не поведе постапка за оценување на уредбата за издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи …

Уставниот суд ја одложи одлуката за застарување на случаите од СЈО до после одморите Read More »

Меркел: Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги презентираше приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ во наредните шест месеци, споменувајќи ги само преговорите со Северна Македонија и Албанија во однос на проширувањето, јави дописничката на МИА од Брисел. Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина, се главните приоритети за Германија во делот …

Меркел: Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година Read More »

Осуммина починаа од Ковид-19, нови 163, оздравеа 230


Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 87 -Куманово 7 -Дебар 2 -Штип 10 -Прилеп 3 -Тетово 16 -Струга 8 -Охрид 1 -Кавадарци 1 -Демир Хисар 1 -Гостивар 8 -Струмица 1 -Кратово 1 -Свети Николе 9 -Кичево 3 -Ресен 5 Починати се 8 лица, …

Осуммина починаа од Ковид-19, нови 163, оздравеа 230 Read More »

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани со Ковид-19


Во изминатите 24 часа се регистрирани околу 130 нови заболени со коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека се намалува бројот на лицата кои се хоспитализираат во  болниците. Министерот смета дека во земјата нема да има потреба од повторно воведување на рестриктивни мерки, како полицискиот час во Србија.

Почина новинарката Јасмина Спасовска


По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата. Спасовска работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел и од новинарската екипа на А1 телевизија. – Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, …

Почина новинарката Јасмина Спасовска Read More »

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Северна Македонија


Ги молам и им препорачувам на моите сограѓани да го ограничат нивното движење кон Северна Македонија, вели градоначалникот на Лерин (Флорина) Василис Јанакис во неговата писмена изјава, додавајќи дека неслучајно Грција забранила влез за државјани од соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина. Јанакис истакнува дека „коронавирусот постои, не исчезна“, а опасноста од заразување …

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Северна Македонија Read More »

Германската амбасадорка кај Пендаровски: Можете да сметате на поддршката на Германија


Новата амбасадорка на Германија во земјава денеска го увери претседателот Стево Пендаровски дека таа и нејзината земја ќе направат сѐ за забрзување на европските интегративни процеси на Македонија. „Приемот во НАТО како 30-та членка, важните договори со соседните земји Грција и Бугарија и најпосле зеленото светло за започнување на пристапните преговори со Европската Унија кое …

Германската амбасадорка кај Пендаровски: Можете да сметате на поддршката на Германија Read More »