Филипче: Ако граѓаните од соседството само транзитираат – нема потреба од ПЦР тест


Фото: Б. Грданоски

Во најскоро време Владата на седница ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Оваа наша одлука и препорака се должи исклучиво врз основа на податоците коишто ги собиравме изминатите денови, а коишто ни ја прикажаа вистинската епидемилошка слика во сите овие земји за која што ние сметаме дека е многу полоша од нашата во овој момент, изјави министерот за здравство кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.

Оваа мерка, истакна тој, важи само за граѓаните на овие земји заради тоа сега во овој момент има многу поголем број и нашите граѓани може да заболат од корона вирусот.

Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.

Филипче смета декеа нема потреба од воведување други мерки, покрај постоечките за граѓаните на нашата држава.

– Имаме се помал број пациенти во болници. Просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува. Рестриктивна мерка се воведува тогаш кога ќе се оцени дека има ризик по здравствениот систем и тоа ни беше потврдено од страна на експертот, кој не посети од Светската здравствена организација. Тоа е единствена дополнителна мерка на сите оние мерки што сега важат кај нас, ама не важеа во околните земји, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.

Бевме, посочи, сведоци на големи собири, спортски натпревари, што кај нас се забранети.

– Може да се одигруваат спортски натпревари, групни спортови без публика заради тоа што знаеме дека тоа е еден огромен ризик. Во таа смисла и моментот кога треба да се воведе рестрикција, треба добро да се оцени, затоа што во даден момент можеби и е многу доцна. Кај нас нема ниту најава е потребна некаква дополнителна мерка, додаде Филипче,одговарајќи на новинарско прашање. –