(Галерија) Погледнете како ќе се гласа во услови на пандемија


Фото: Б. Грданоски

Симулација на тоа како ќе изгледа изборниот ден, денеска се одржа во гимназијата „Јосоп Броз“ во Скопје, при што беа спроведени сите епидемиолошки мерки за заштита на граѓаните од корона вирус.

На 15 јуни, среда, треба да се одржат првите парламентарни избори во услови на пандемија од корона вирус, па Државната изборна комисија спроведе симулација за да се пробаат сите мерки на избирачко место со кои треба да се заштитат граѓаните од зараза.

Така на влез полицијата потсетува гласачот да стави маска, потоа дезинфицира раце, дава лична карта од одбележано оддалечено место, ја вади на кратко маската за идентификација, гласа, ги дезинфицира рацете повторно и заминува од гласачкото место.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули.

– Само така ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, истакна денеска потпретседателката на Државната изборна комисија Димтмире Шеху за време на симулацијата за безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки, што беше организирана од страна на ДИК на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Симулацијата беа поканети да ја следат набљудувачите на изборите, меѓу кои и ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, на амбасадите, како и претставници на политичките партии. Присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека се почитувани сите препораки на Комисијата за заразни болести и дека граѓаните ќе можат безбедно да гласаат.

Фото: Б. Грданоски

Шеху изјави дека ДИК со овој настан сака да покаже дека при гласањето ќе бидат почитувани сите подзаконски акти, упатства и мерки за заштита на граѓаните.

Во симулацијата беше опфатен целиот избирачки процес во реални услови, почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, и гласање. Беа прикажани сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи.