Вкупно 415 граѓани ќе гласаат од изолација

Регистрацијата на гласачи кои се во изолација заврши синоќа на полноќ и според податоците на ДИК за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле вкупно 415 лица.
По општини, најмногу пријавени има во Тетово-46 гласачи.

Во Скопје се пријавени вкупно 130 гласачи, а по општини најмногу има од Гази Баба-31, во Бутел и Аеродром има по 18 гласачи, Кисела Вода-13, во Центар и Карпош по 11, Гази Баба-31, Шуто Оризари-5, Сарај-6, Чаир-8 и Ѓорче Петров-9.

Пријавените гласачи треба да гласаат на 13 јули. Инаку, во изолација и самоизолација се вкупно околу 5.000 лица.