Скопјани од утре ќе вежбаат на шест локации на отворено


На шест локации во Скопје од утре па во наредните три месеци, во попладневните часови од понеделник до петок, граѓаните ќе можат да вежбаат на отворено со поддршка на професори и студенти од Факултетот за физичка култура, образование, спорт и здравје. Сите неопходни реквизити за вежбање ќе ги обезбеди Факултетот. Целта на оваа акција, што […]

Повик за крводарителство во Карпош


Во среда (19.05.2021), од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски”, Општина Карпош организира уште една крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст – Карпош. Сите граѓани, кои сакаат да даруваат крв можат да се пријават на [email protected] (име и презиме, контакт телефон). Акцијата ќе се […]

Сите над 40 години што се пријавиле за вакцина до 30 април добија термини


Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на […]

Само 17 хоспитализирани пациенти од ковид последните 24 часа


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.   Министерството за здравство утринава информира дека вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ државата е 514 и има околу 740 празни […]

Жените во новинарството често пати мета на сексистички напади


Според регистарот на напади кон новинари на Здружението на новинарите на Македонија, во 2020 година се нотирани вкупно 14 посериозни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници, од кои, повеќе од половина се кон новинарки. Мизогинијата, како што стои во публикацијата „14 Напади врз новинарите, 14 Бодежи на демократијата“, во комбинација со онлајн-насилството, се […]

Стивнува епидемиолошката слика во земјава но не се почитуваат мерките за носење маски на лицето


Во земјава пристигнаа уште 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“ донација од кинеската Армија. Надлежните се надеваат дека со оваа значителна количина на вакцини, може да се смени епидемиолошката слика во државава. Вакцинирањето, според надлежните, оди согласно предвидената динамика, според возраста и до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари […]

Сончево и потопло


Времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево […]

Ректорот на УКИМ бара вработените на Универзитетот да се вакцинираат пред испитните сесии


 Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование.  -Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како […]

Времето утре сончево со умерена облачност и потопло


 Времето утре ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, најавуваат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје […]

На улицата „Орце Николов“ предност им се дава на пешаците и велосипедистите


Заврши првата фаза од реконструкцијата на една од главните сообраќајни артерии во Општина Центар, но и во градот Скопје, улицата „Орце Николов“. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, денес извршија увид на градежните работи на улицата. „Улицата „Орце Николов“ […]

(Фотогалерија) Реформи во образованието се потребни, но по мерка на учениците


Почна протесттот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, против Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, според новиот концепт на министерката за образование и наука, Мила Царовска. Учесниците се собраа во Паркот на новинарите, спроти зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, а потоа ќе продолжат од Министерството за […]

МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието


Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана. Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји […]

Стивнува заразата со Ковид-19, новозаразени 112, починаа 13 пациенти


Нови 112 случаи на Ковид-19 од направени 4.196 тестирања се евидентирани во последните 24 часа. Починати се 13 пациенти, а оздравени 2.179 лица.   Од новозаболените, 30 се во Скопје и 13 во Куманово, додека во останатите градови забележан е едноцифрен број на новозаболени. Така, во Кичево има осум нови случаи, во Битола седум, во […]

Студентите на штипскиот Медицински факултет вклучени во имунизација на населението


На штипскиот регионален пункт за имунизација досега околу 13.000 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион се вакцинирани против Ковид-19. Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт вели дека за да се достигне оваа бројка на имунизирани граѓани, вклучени се 50 лица од Здрваствениот дом, Клиничка болница-Штип, но и студенти на Факултетот за Медицински науки при […]

МНР: Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. -За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на […]

Од денеска вакцинација на пациенти со трансплантиран бубрег и кои одат на дијализа


Денеска ќе почне вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во гркупата на потешко болни од хронични болести кои исто така ќе имаат приоритет при вакциниацијата, се и […]

Вакцинацијата продолжува според возраста, граѓаните да се пријавуваат преку матичните лекари или на „вакцинација.мк“


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите. Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано, нагласи Филипче. […]

МЗ: Вчера се аплицирани 13.482 вакцини


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.   Од Министерството за здравство информираат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани.   -Прва доза вакцина вчера […]

Пристигна и донацијата од 100.000 вакцини на „Синофарм“


Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Народна Република Кина. На приемот  на донацијата присуствуваа министрите за здравство и за одбрана, Венко Филипче и Радмила Шекеринска, како и кинескиот амбасадор Џанг Ѕу. Според Филипче и Шекеринска, ова е вистинска помош во вистинско време. „Ова е значајна количина […]