Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава


Највисок број новозаразени со коронавирусот регистрираше вчера Институтот за јавно здравје. Со новоевидентираните 205 случаи од кои повторно најмногу има во Скопје, вкупниот број новозаболени од почетокот на епидемијата, досега, во државава достигна 7.777. Според податоците, регистрирани се и рекордни 336 оздравени, чиј вкупен број изнесува 3.960, а вкупно се починати 368 пациенти. Меѓу оздравените …

Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава Read More »

Се урива нелегалната бетонска база на советникот на ДУИ


Екипи на Општинскиот и на Државниот градежен инспекторат со механизација почнаа со демонтирање на базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга. Станува збор за објект изграден минатата година од страна на советникот на ДУИ,  во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, за која веднаш беше издадено …

Се урива нелегалната бетонска база на советникот на ДУИ Read More »

Владимир Панчевски доби 30 дена притвор


Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, денеска му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Веста за притворот на Панчевски, ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење”, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на …

Владимир Панчевски доби 30 дена притвор Read More »

Шекеринска и Адеми во Ресен го претставија проектот „ЕУ за Преспа“


Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми во Ресен го претставија проектот „ЕУ за Преспа“ и иницијативата „Преспа форум за дијалог“. Шекеринска, преку зборовите на големиот грчки филозоф Аристотел, посочи дека без храброста не може ништо да се …

Шекеринска и Адеми во Ресен го претставија проектот „ЕУ за Преспа“ Read More »

ДКСК отвори предмет за владината помош на здруженијата и фондациите


Државната комисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од коронавирусот, а по приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, во кој се наведува дека е прекршен Изборниот законик со исплата на пари …

ДКСК отвори предмет за владината помош на здруженијата и фондациите Read More »

Во Дебар 17 новозаразени со Ковид-19, втор негативен рекорд досега


Во Дебар расте бројот на заразени, но и на оздравени лица, што го потврдуваат официјалните податоци според кои во последното деноноќие регистрирани се 17 новозаразени, а излекувани се осум лица ,двајца од нив кои биле на лекување во болницата „Осми Септември“. Ова е втора највисока бројка на новозаразени по онаа на 20. јуни кога беа …

Во Дебар 17 новозаразени со Ковид-19, втор негативен рекорд досега Read More »

Еден од шест случаи во светот: Момче излечено од Ковид-19 во „8 Септември“ со компликации на мозок


Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. „Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Ова е реткост во светот и …

Еден од шест случаи во светот: Момче излечено од Ковид-19 во „8 Септември“ со компликации на мозок Read More »

Чаир и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид- 19


Чаир останува општина со најголем број активни случаи и во изминатите 24 часа, покажуваат податоците што денеска ги објави Министерството за здравство. Во оваа општина се регистрирани 323 активни случаи. Двеста активни случаи има и во Гази Баба, а над 150 случаи се евидентирани и во Аеродром, Бутел, Центар и Карпош. Во Аеродром има 162 …

Чаир и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид- 19 Read More »

Нови 205 заболени од Ковид-19, починаа шестмина, оздравеа 336


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Kовид-19. Во Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица …

Нови 205 заболени од Ковид-19, починаа шестмина, оздравеа 336 Read More »

Светниколската конфекција „Мода“ во понеделник ќе ги тестира и останатите работници


Светиниколска „Мода“ се затвара до четврток, оваа одука е донесена утринава информираше првиот човек на компанијата, Ангел Димитров. Тој за МИА вели дека во понеделник ќе се тестираат и останатите работници, во приватната клиника, со цел резултатите да ги добијат веднаш и да можат наредните денови да планираат кога ќе можат да продолжат со процесот …

Светниколската конфекција „Мода“ во понеделник ќе ги тестира и останатите работници Read More »

На кој му треба, а на кој не, ПЦР тест за влез во Македонија


Владата издаде насоки за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на дипломати, членовите на нивните семејства и на граѓани со двојно државјанство од овие држави за начинот на транзит и на регулиран привремен или постојан престој во Северна Македонија. Во функција на операционализирање на Одлуката дополнување на одлуката за …

На кој му треба, а на кој не, ПЦР тест за влез во Македонија Read More »

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за визна либерализација


Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави дописничката на МИА од Брисел. Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални“ …

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за визна либерализација Read More »

По една година ќе биде готов мостот што ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба


Градежните активности на новиот мост „АСНОМ“ кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба се одвиваат според предвиденото темпо и очекувањата се дека до средината на следната година ќе биде заокружен овој проект. Мостот ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Вкупната должина …

По една година ќе биде готов мостот што ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба Read More »

Битола гради куглана по европски стандарди и за меѓународни натпревари


Битола е град со голема кугларска традиција. Пред четири денеции во градот имаше дури осум кугларски клубови. Обновата на запуштената куглана треба да го врати овој спорт и разонода на врвно место   Анета Блажевска БИТОЛА – На 15 години таа е државен првак во куглање. Битолчанката Тамара Талевска ја врати надежта во Битола, исто …

Битола гради куглана по европски стандарди и за меѓународни натпревари Read More »

Петровска го нарече Чулев „очајник“ бидејќи лажира изборен поткуп


Сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени во продавница во Штип, изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг, напиша дополнителната заменичка министерка на МВР Славјанка Петровска на нејзинитот Фејсбук профил како одговор на написот на министерот Наќе Чулев за наводен изборен поткуп. – Ова не е …

Петровска го нарече Чулев „очајник“ бидејќи лажира изборен поткуп Read More »

Трошењето на средствата од донаторските сметки стана јавно


Од донациите собрани преку донаторската сметка на Министерството за здравство, досега искористени се средства за набавка на монтажни контејнери за потребите на модуларната болница до Клиниката за инфективни болести, покажуваат податоците од Министерството за здравство кои се јавно достапни. Според овие податоци, како што стои во соопштение испратено до медиумите, завршена е и постапката за …

Трошењето на средствата од донаторските сметки стана јавно Read More »

Викендот сончево, на планините пороен дожд и грмежи


Сончево време ќе преовладува за време на викендот, со услови за појава на краткотраен пороенд дожд и ретки грмежи на планинските региони во попладневните часови. Од недела претпладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер со што температурите повторно ќе бидат пониски за два до пет степени. Од понеделник следува период на постабилно веме …

Викендот сончево, на планините пороен дожд и грмежи Read More »

Општина Бутел ќе добие социјална зграда со 312 станови


Во Општина Бутел се гради најголемата социјална зграда со 312 станови која ќе овозможи покрив на глава на голем дел од социјално ранливите категори. Градежните работи почнаа во март годинава, а ќе завршат во март 2023 година. Вредноста на објектот изнесува 441,5 милиони денари, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните работи на …

Општина Бутел ќе добие социјална зграда со 312 станови Read More »

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните


Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски. -Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од КОВИД-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ …

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните Read More »

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе


 Ги преземаме сите мерки против коронавирус, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот Ковид-19. – Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус …

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе Read More »