Викендот сончево, на планините пороен дожд и грмежи


Фото: Б. Грданоски

Сончево време ќе преовладува за време на викендот, со услови за појава на краткотраен пороенд дожд и ретки грмежи на планинските региони во попладневните часови.

Од недела претпладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер со што температурите повторно ќе бидат пониски за два до пет степени.

Од понеделник следува период на постабилно веме со постепен пораст на температурата.