„Еуроникел Индустри“ тврди дека не користи еколошки штетен мазут


Во врска со информациите пласирани во емисијата со наслов „Заговор против воздухот“, реагираше компанијата „Еуроникел Индустри“, посочувајќи дека  е носител на А-интегрирана еколошка дозвола. -Согласно бројните обврски што произлегуваат од оваа дозвола, меѓу кои и квалитетот на воздухот, во и околу фабриката се врши 24 часовно мерење на емисиите во воздухот и квалитетот на истиот. […]

Собранието не го усвои предлогот за дополнување на Законот за здравствена заштита


Пратениците денеска пред утврдување на дневниот ред на 41. седница не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните задравствени установи. Не беше усвоен и предлогот […]

Џафери пред уставните судии: За Законот за ЈО во целост се почитуваа одредбите од собранискиот Деловник


Во Уставниот суд денеска се одржа подготвителна седница по иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година. Судијата Осман Кадриу на почетокот на седницата констатира дека во врска со Законот за јавно обвинителство, до Уставниот суд се поднесени три […]

Пендаровски се вакцинираше во Куманово, за да ги сопре шпекулациите дека се вакцинира со други вакцини


Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ „Перо Наков”, прими вакцина против Ковид-19. Во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да ја подигне јавната свест за потребата од масовна […]

МЗ: Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 9.721 граѓани


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои се пријавиле преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вкупниот број на вакцинирани граѓани во текот на вчерашниот ден е 9.721, информира Министерството за здравство. – Во државата […]

Не пројде предлогот на Левица за цените во приватните болници


Пратениците денеска не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со КОВИД-19 во приватните задравствени установи. Не беше усвоен и предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат […]

Пуштен во употреба зелениот покрив на Домот на градежници


Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот – покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, […]

Јанчев ги повика надлежните да проверат дали „Еуроникел“ гори отпадно масло


Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска побара брза реакција на надлежните институции по објавените информации за користењето на отпадно масло, како мазут, во Еурониел индустри. – Институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут. Не смееме како градоначалник и општина да дозволиме интересот на бизнисот […]

МЗ: Во Центарот за белодробни заболувања во Отешево ќе се рехабилитираат пост-ковид пациенти


ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево со поддршка од Министерството за здравство, подготви дел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација. Оваа болница е единствена од ваков вид во државата за пулмонална и физикална рехабилитација која постои и работи 40 години. Оваа болница е „воздушна бања” односно е сместена помеѓу […]

Зоолошката градина во Скопје побогата за шест пингвини од Русија


Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, од кои три мажјаци и три женки. Пингвините пристигнаа вчера, и, како што беше соопштено од Зоолошката градина, тие се прилагодуваат на новите услови. По пристигнувањето во Скопје, ставени се во краток карантин. „Пингвините се добро и супер се адаптираат. По пристигнувањето на скопскиот […]

Богдановиќ: Ја охрабрувам антикорупциска да покренува што повеќе предмети


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес-конференција, на новинарско прашање за тоа колку долго може општината да го држи барањето за дозвола за изградба кај „Холидеј Ин“ истакна дека од вчера истекува рокот од 20 дена. Тој исто така истакна дека ја охрабрува антикорупциска да покренува што повеќе предмети, бидејќи општината веќе три […]

Од засега непознати причини, еден од највисоките облакодери во Кина почна да се ниша


Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран во вторникот откако почна да се ниша, па луѓето во паника избегаа на сигурно. Ова се случуваше во градот Шенжен, на југот од земјата. Зградата „СЕГ плаза“ висока речиси 300 метри денеска необјасниво почна да се ниша, по што следеше итната евакуација. Кулата е именувана според производителот на […]

ССМ: Владата да донесе задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација


 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство. Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира […]

Архитектите бараат бесправното градење да се казнува, а не легализира


Асоцијацијата на архитекти на Македонија(ААМ) е против новиот Закон за повторно утврдување правен статус на бесправно изградени објекти бидејќи ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува. Од ААМ порачуваат дека ако законот сепак се донесе, […]

Општина Аеродром ја одбележа годишнината од раѓањето на Јане Сандански


Денеска се навршуваат 149 години од  раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански.  По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“ во истоимената населба. Во одбележувањето се приклучија претставници од Советот на Општината предводени од претседателката Ивана Цветковска, директори од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти, слободни кревети има


На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, од кои 264 во болниците низ земјава и 193 на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите има околу 680 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство. Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците […]

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки


Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, […]

Стигна нова пратка вакцини од „Фајзер“


Вупно 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“ вчера стигнаа во државава. Од нив, 4.680 се преку директен договор што земјава го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.   Како што соопшти Министерството за здравство, според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во С Македонија испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени […]

Репортери без граници отвораат платформа за „брендирање на сигурни медиуми“


Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот  на Интернет стави дигитална апликација преку […]