Досега вакцинирани 186.146 од пријавени 376.793 граѓани


Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 граѓани, а истиот ден вкупно се аплицирани 12.352 дози вакцини, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки 43% од населението над 70 […]

Бројот на нови случаи на Ковид-19 намален за 48,3 отсто, а на починати за 38,1


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град […]

Земјотрес почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево


Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран ноќеска во 01 часот и 20 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопje. Земјотресот е почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Законот за дивоградби на „ремонт“ – отворена е јавна дебата, архитектите со свои предлози


Владата  отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот. Како што соопшти владината прес-служба, ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со […]

Една доза вакцина досега примиле 40 отсто од лицата над 70 години


Барем една доза вакцина досега примиле 40 отсто од населението над 70 години во земјава и 33 отсто кои се на возраст над 65 години. Аплицирани се 207.219 дози, а ревакцина примиле 31.599 граѓани.  Според податоците од Министерството за здравство, преку веб-платформата vakcinacija.mk интерес да се вакцинираат изразиле речиси 377 илјади граѓани. Прва доза вчера примија […]

Андерсен: Националниот парк Шар Планина е историска можност за балканскиот рис, но и за граѓаните


Пред четири години, фотографија од младенче на балканскиот рис од Северна Македонија предизвика голем интерес во меѓународните медиуми, нешто што не беше видено повеќе од деценија. Денес, се смета дека едвај педесетина од овие критично загрозени големи мачки се останати во земјата, а и самото забележување на рис во регионот дава надеж дека тие повторно […]

Тркалезна маса „Разговори со Конески“


Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“ денеска по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе организира тркалезна маса „Разговори со Конески“, според истоимената книга на Цане Андреевски. Настанот се организира под покровителство на Град Скопје, а на тркалезната маса ќе учествуваат професорите Људмил Спасов, Вера Антиќ и Благица Петковска. Поздравни обраќања ќе имаат […]

Сончево и топло до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната […]

Бугарски универзитет доби дозвола да работи во Македонија


Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Северна Македонија.

Владата ќе се поднови со 45 возила


Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци. […]

Ќе се формира работна група за легализација на канабисот


Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата […]

Владата ќе ја продолжи јавната дебата за легализација на бесправно изградените градби


 Владата утврдi насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот. – Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа […]

Петровска за сомнителниот мазут: Инспекторите се на терен, ова ќе биде жешка недела


Државниот инспекторат за животна средина е на терен и многу брзо ќе излезе со информации во врска со наводниот увоз и користењето токсични масла. Како што рече вечерва директорката на Инспекторатот, Ана Петровска, ова ќе биде жешка недела. -Од вчера сме многу мобилни и ќе го направиме се она што е во рамки на нашите […]

Полицискиот час од полноќ до 04 часот ќе важи до 1 јуни


Активните мерки за ограничување на движењето продолжуваат да важат до 1 јуни 2021 година. Владината прес-служба соопшти дека на денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година. Ограничувањето на движењето почнува од […]

Владата го вклучи алармот, ќе се прават контроли дали имало увоз на токсични нафтени деривати


Владата денеска на 71-та седница задолжи неколку институции да направат веднаш контроли и за 14 дена да и достават информации по информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина. Објавата на ИРЛ дека токсичните деривати […]

Пауновски: Лабораторијата никогаш не нѝ беше дадена и не е употребувана од нас бидејќи министерот за економија не дозволи


Откако министерот за економија Крешник Бектеши го обвини поранешниот директор на Пазарниот инспекторат дека имал мобилна лабораторија, но ја искористил само еднаш за проверка на квалитет, Стојко Пауновски вели дека таа не им била дадена никогаш. – Ги негирам изнесените невистини од страна на министерот за економија Крешник Бектеши дека иако сме имале акредитирана лабораторија, […]

Собранието ја продолжи 41. седница на чиј дневен ред се интерпелациите на Маричиќ и Николовски


Собранието попладнево најпрво ја продолжи 39. седница на која едногласно ги донесе законите за изменување на Законот за енергетска ефикасност и за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој. Потоа, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и информира дека Собранието продолжува со работа по 41. седница. За продолжението на 39. седница, рече Џафери, пратениците […]

ФЗОРСМ: Комуникацијата е повторно воспоставена, матичните лекари можат да пропишуваат лекови


Фондот за здравствено осигурување информира дека е направена анализа и утврдено е дека почнувајќи од вчера, во доцните попладневни часови, до денеска во раните утрински часови, податочната комуникација која оди од „Мој термин“ кон ФЗОРСМ била прекината и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови. -Комуникацијата е повторно воспоставена и […]

Од Ковид-19 денеска има уште 83 заразени, а починале двајца


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, […]

Ако Собранието одново го усвои законот за легализација на дивоградби, Пендаровски ќе го потпише


Претседателот Стево Пендаровски вели дека доколку Собранието по втор пат го изгласа со потребното мнозинство од 61 пратеник законот за постапување по бесправно изградени објекти, ќе мора да го потпише указот за негово стапување во сила, бидејќи, нагласува, со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности. -Ако ме прашувате за мојата реакција доколку тој би […]