Рано е за симнување на маските, но може да се очекува организирање свадби и прослави


Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни. За ослободување од маските е рано, но може да се очекува организирање свадби и прослави во угостителските објекти само на отворено со протоколи, како […]

Облачно и дожд во поголемиот дел од земјава


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени. Во […]

Бочварски: Оставаме простор да отвориме широка јавна расправа за легализација на дивоградбите


На вчерашната седница на Владата дискутиравме за законот за легализација на бесправно изградените објекти и оставаме простор да отвориме широка јавна расправа и низ транспарентна постапка да ги отстраниме што е можно повеќе од спорните делови поради кои претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение што беше донесено во Собранието, информира вечерва министерот за […]

Седум студентски домови до 2024 година ќе станат енергетски ефикасни


Менување прозорци и врати, замена на кровните конструкции, инсталација на фасадни системи, инсталација на канализациони и дренажни системи во и околу објектите, замена на електрична инсталација, поставување на нови системи за греење – онаму каде постојат можности ќе се постават и системи кои ќе работат со обновлива енергија, во седум студентски домови низ републикава најавува […]

Мицкоски незадоволен што Апелација ја вратила пресудата за Русковска на повторно разгледување


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти преку Фејсбук дека Апелацискиот суд во Скопје го врати на повторно одлучување случајот во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужеше партијата заради нејзината (зло)употреба во кампањата за ланските пшарламентарни избори. Тужбата беше отфрлена од граѓанскиот суд со првостепена пресуда. Мицкоски сега тврди дека одлуката на Апелацискиот суд е донесена под политички […]

За субвенции за инвертери во Скопје поднесени 1656 пријави


На јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери поднесени се 1656 пријави со што се исцрпени средствата предвидени за оваа мерка, соопштија од градот. Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои […]

Од КОВИД-19 починаа 17 лица, нови 87 заразени и 197 оздравени


Нови 87 заразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа од 2.953 тестирања. Починаа 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени се 197, соопшти Министерството за здравство.   Од новите дијагностицирани, 26 се во Скопје, девет во Радовиш, по шест во  Куманово и Кратово, пет нови случаи има Прилеп, по […]

Веруваме дека ќе се донесе законско решение прифатливо за сите, вели Арсовски за предлог законот за дивоградби


Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение. Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто […]

Во регионалниот пункт во Охрид досега вакцинирани околу 13 илјади граѓани


Одѕивот на граѓаните за вакцинирање во Регионалниот центар за имунизација во Охрид е добар. Од стартот на вакцинирањето пред две седмици досега во Охрид се вакцинирале околу 13 илјади граѓани на Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски изрази задоволство од текот на процесот на имунизација и […]

Филипче: Да се дозволат свадби, се уште е рано да се тргнат маските


 Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и се уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на […]

Пуштен во употреба булеварот „Босна и Херцеговина“ во Бутел


Денеска официјално беа пуштени во употреба последните 500 метри од новопроектираниот и новоизведениот булевар „Босна и Херцеговина“, кој што сега се спојува со булеварот „Словенија“. Како што информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов при пуштањето на употреба на овој булевар, тој чини 100 милиони денари и е во целост изведен во рамките на буџетските средства […]

Во јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“


Последната најава  преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на  следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој […]

Од следната недела ќе се издаваат и електронски ковид сертификати за патување


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави. – Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и […]

Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати


По извештаите, кои ќе ги достават задолжените институции, кои имаат рок од две недели да утврдат секоја во својата надлежност во врска со информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, ќе се знаат следните […]

Ќе секнат ли „Спутник“ вакцините по протерувањето на рускиот дипломат?


Нема најава за политизирање на руските вакцини „Спутник“ кои треба да пристигнат  во земјава, откако вчера Министерството за надворешни работи прогласи еден дипломат од руската амбасада во Скопје за непожелна личност во Македонија, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. Владата во февруари во директни преговори со рускиот производител нарача 200.000 вакцини, но досега стигнаа […]

Мијалков понудил 10,8 милиони евра кауција за да излезе од притвор


Со дваесет години затворски казни во прв степен за „Таргет Тврдина“ и „Трезор“ и со обвинение за имотите на Водно Сашо Мијалков може да излезе од притвор. Според извори од судот, екс шефот на УБК Сашо Мијалков добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор. […]

Се истражуваат уште две кривични дела на Рашковски


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на еден од хонорарно ангажираните соработници во Владата, воедно и најплатен од сите, од месечните примања од 80.000 денари му земал секој месец по 500 евра, открило Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За Рашковски и двајцата од претходно осомничената група за незаконска набавка на софтвер кој […]

Иницијативата за референдум против законот за учебници неуредна – заклучи собраниската комисија


 Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница заклучи дека иницијативата  за распишување  референдум за одлучување на државно ниво доставена преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум. Заклучокот ќе му биде […]