Мицкоски ретерира: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека трезорот нема да биде затворен на 15. декември, туку дека е добро сите до 15. декември да ги достават сите тековни потребни. Тој напомена дека ќе има К-15 во сите државни институции. „Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите …

Мицкоски ретерира: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има Read More »

Тошковски потврди дека е приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа


 Министерството за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. -Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија …

Тошковски потврди дека е приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа Read More »

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено


Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание за одвивањето на авиосообраќајот, информираат од М-НАВ. -По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој …

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено Read More »

Паднатиот авион во Мавровско езеро бил авијациски „олдтајмер“


Авионот кој завчера принудно слета во водите на Мавровското Езеро е идентификуван како Piper PA-28-160 Cherokee, мал спортски авион произведен пред повеќе од шест децении. Според официјалните документи од Федералната управа за авијација на САД (FAA), леталото е регистрирано под американски ознаки и го носи регистарскиот број N5005W, што значи дека формално припаѓа на американскиот …

Паднатиот авион во Мавровско езеро бил авијациски „олдтајмер“ Read More »

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот


До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. 

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум


Од 10:50 часот нормализиран е сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, информираат од Ј.П. Македонијапат. Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на овој патен правец се одвиваше по една коловозна лента.

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента


Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, се одвива по една коловозна лента, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да управуваат внимателно со возилата сè до целосно расчистување на одронот и нормализирање на …

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента Read More »

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени


 Утрово најсудено било во Берово каде се измерени -7 степени целзиусови, а најтопло во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија со измерени 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, …

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени Read More »

Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител


Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога …

Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител Read More »

Сончево, со мала до умерена облачност


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови …

Сончево, со мала до умерена облачност Read More »

Астрономски календар


 Денеска е недела, 14 декември 2025 година, 348-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 17 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Редакцијата на „Трн“ ги додели признанијата за храбрите и упорни гласови во 2025


  Денеска, 13 декември, редакцијата на порталот „Трн“ по втор пат ги додели своите симболични признанија за иницијативи, колективи и поединци кои со својата работа, ангажман и храброст придонесуваат кон поинклузивно, поправедно и посолидарно општество. Со овие награди, редакцијата на „Трн“ уште еднаш испрати јасна порака дека општествените промени не започнуваат од големите декларации, туку од конкретни …

Редакцијата на „Трн“ ги додели признанијата за храбрите и упорни гласови во 2025 Read More »

Марш за ангелите во Кочани: Нашето трпение не е неограничено, бараме јасен одговор за статусот на обвинителниот акт


Родителите и роднините на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 33. Марш за ангелите директно му се обратија на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција барајќи одговор зошто е пробиен рокот за поднесување на обвинение за полициските службеници опфатени со истрагата за трагичниот пожар. Според нив, согласно начелата на владеење на правото, …

Марш за ангелите во Кочани: Нашето трпение не е неограничено, бараме јасен одговор за статусот на обвинителниот акт Read More »

„ОВК не беше криминална организација“ – силна поддршка од Ахмети


Протестот на ДУИ во центарот на Скопје, организиран во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово кои се соочуваат со судски процес во Хаг, доби силна меѓународна димензија со пораката на лидерот Али Ахмети, упатена директно до Западот. Од бината на плоштадот „Скендербег“, пред масата униформирани лица, поранешни припадници и поддржувачи на ОВК, …

„ОВК не беше криминална организација“ – силна поддршка од Ахмети Read More »

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК во Скопје


Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг под обвинение за воени злосторства.   Присутни се поголем број граѓани, со албански знамиња и обележја на ОВК, а улицата која води кон паркингот во ТЦ Мавровка е затворена за сообраќај. Од …

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК во Скопје Read More »

ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај


Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај од 11 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Фреквенцијата на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерена. На македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ потсетува …

ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај Read More »

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерирало трујачи


Министерството за животна средина обидувајќи се да се покрие за едно злодело призна друго! Призна дека со децении противзаконски толерира трујачи, дека иако не постои ниеден закон со кој труењето може да биде деловна тајна, тие тоа го дозволувале и дека со новиот криминален закон само си го легализираат злоделото, велат од Зелен хуман град. …

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерирало трујачи Read More »

За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација


На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.   Интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на …

За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација Read More »

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија


Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во работата на Комисијата. -Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција. Во текот …

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија Read More »