Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација


Сиромаштијата во земјава контиунирано опаѓа, но детската сиромаштија се намалува побавно од сиромаштијата кај возрасните. Анализите покажуваат дека децата кои живеат во сиромашни семејства и со помалку образовани родители имаат поголем ризик да останат сиромашни и кога ќе пораснат. Студијата за повеќедимензионална детска сиромаштија, што вечерва беше објавена во рамки на форумот „Сиромаштијата кај децата […]

Шахпаска на состанок со ММФ: Ги вклучуваме младите на пазарот на трудот 


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево имаше онлајн состанок со Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, на кој меѓудругото, се разговараше за заздравувањето на економијата после пандемијата Ковид – 19, вработеноста на младите, формализирањето на неформалната економија, како и движењето на работната сила на долг рок. Министерката Шахпаска […]

Владата ја донесе Стратегијата за здравство 2021-2030


 На предлог на Министерството за здравство, Владата вечерва ја донесе Стратегијата за здравство 2021 – 2030 година со Акциски план. Како што соопшти владината прес-служба, низ транспарентен и инклузивен процес при нејзината подготовка земена е предвид агендата на ЕУ за ефективни, ефикасни и достапни здравствени системи при што, меѓу другото, идентификувани се три клучни прашања. […]

Сообраќајот во Скопје беше блокиран со часови


Попладнево, сообраќајот во Скопје беше блокиран од колони возила речиси три часа. Сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот додека семафорите беа исклучени на дел од крстосниците, а возилата стоеја во место и по еден час. Автобусите од градскиот превоз беа заглавени во метежот, а нервозните патници се јавуваа по неколку пати дома да кажат дека едноставно […]

Регистрирани 375 позитивни на Ковид и вкупно 16 починати 


Од направени се 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Во Скопје регистрирани се 180 позитивни на Ковид, во Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – […]

Скопје попладнево блокирано со часови


Попладнево сообраќајот во Скопје беше блокиран. Редици автомобили создадоа густ метеж во центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час. Верижниот судар кај Мавровка попладнево, со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет […]

Минатата недела намален бројот на новозаболени за 17,3 и на смртни случаи за 30,6 отсто


Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3 отсто во […]

Подложен на корупција е процесот за издавање одобренија во транспортот


ДКСК цени дека процесот на издавање на одобренија, решенија, лиценци и дозволи, особено во областа на транспортот, како допирна точка на јавниот и приватниот сектор е подложен и ранлив од корупција, како на централно, така и на локално ниво, а истиот често пати е од животно значење. – Стремежот за највисоките етички вредности и интегритет […]

Насилството не е судбина, туку криминал, мора да се охрабриме да пријавуваме


Насилството не е судбина, тоа е криминал, а раната на една жена е рана на сите нас. Оваа рана никогаш нема да престане да крвари и да боли ако продолжиме да молчиме. Помина времето кој е појак, а кој послаб, денес е време на еднаковст, солидарност, храброст која говори како да одиме напред и како […]

Зелени сертификати за 60 домаќинства од Карпош за одржливо греење


Во име на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска им врачи „зелени“ сертификати и штедливи лед-светилки, на граѓаните кои се пријавија на јавниот повик, како дел од кампањата „100% одржливо греење“  за одбележување на употребата на одржливи системи за греење и ладење.  Имено, општина Карпош пред два месеца распиша јавен повик на кој можеа да […]

Отворен нов центар за обуки на даватели на социјални услуги


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска отвори Едукативен тренинг центар за спроведување на обуки за возрасни за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, обуки за лични асистенти на лица со попреченост, обуки за палијативни негуватели за изнемоштени лица, како и обуки за асистенти за нега на лица од […]

Со нов закон легализацијата на дивоградбите ќе стане поскапа


Во Владата се разговара за можност за нудење на последна легализација на дивоградбите но со посебни услови, пишува порталот „Фактор“. Можност за легализирање ќе имаат само градбите што не се во заштитено природно подрачје и тоа ќе чини повеќекратно повеќе од даноците и трошоците што сега се плаќаат во регуларна процедура за градење. На ваков […]

Претстојната зима ќе биде потопла и со повеќе снег


Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку надпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската  прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри. […]

Автобусите на ЈСП утре по празничен возен ред


Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, среда (8.12.2021 година) кога е неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе […]

Поради многу неправилности прекинат јавниот превоз во Тетово


Општина Tетово го укина привремено јавниот превоз во градот што го спроведуваше ЈП „Тетова транспорт„ заради, како што се посочува, хаосот во работењето. Според соопштението од општината не се плаќале придонеси на вработените, фирмата воопшто не била регистрирана, а нејзините вработени се наведени како вработени во општината. Поради овие и други многубројни неправилности привремено ќе […]

Заев: Животот и делото на Конески се судбински врзани со раѓањето на македонската државност


На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонска државност, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. – Со неговата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, заедно со останатите македонски лингвисти, учествуваше во кодификацијата на македонскиот јазик донесена во […]

На пролет „Ленинова“ ќе добие нова канализација, осветлување и нови паркинг-места


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера вечер оствари средба со граѓаните од улица „Ленинова“, која треба да се реконструира напролет. Идејното решение за улицата е во крајна фаза, поради што Герасимовски ги покани граѓаните да го погледнат заедно и да се изјаснат по истото. Жителите од „Ленинова“ се задоволни од проектното решение, кое нуди […]

Армијата доби нови 7.000 борбени униформи и 700 комплети униформи за специјалните сили


Министерството за одбрана соопшти дека е обезбеден и втор комплет 7.000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата, а Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања. -Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме […]

Нема потврден случај на Омикрон во земјава, доминантен се уште е Делта сојот


Иако во државите низ светот забрзано се шири Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува Делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата. Новиот сој Омикрон вчера за […]

Сообраќајот по влажни коловози, на планинскиот премин Ѓавато магла


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат, соопшти АМСМ. На планинскиот премин Ѓавато, поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]