(Во живо) Комисија за заштита од заразни болести – луѓето да се вакцинираат


Комисијата за заразни болести ги анализирале податоците за смртноста од ковид-19, кои покажале дека најчесто меѓу починатите се луѓе кои се невакцинирани, кои се вакцинирани со една доза или со две, но пред повеќе од шест месеци.

Д-р Александар Петличковски повика граѓаните да се вакцинираат, но и да примат трета доза.

Според него, многу мал е процентот на починати или пациенти кои завршиле во болница, а биле потполно вакцинирани и немале коморбидитети.

– Кумулативниот дел на леталитет од почетокот на пандемијата досега е три проценти – вели Петличковски.

-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци, информира Петличковски.

-Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита, потенцира претседателот на Комисијата.

Според Петличковски, првите резултати од серолошкиот скрининг во Скопје се очекуваат во почетокот на идната недела. 

Проследете ја во живо прес-конференцијата на Комисијата за заштита од заразни болести: