Мицкоски: Бев принуден да се вакцинирам поради мерките донесени од Владата


Бев да се вакцинирам иако на 23 август правев тест и имам близу 1200 антитела. Но, бидејќи сум лимитиран, не можам пристојно да се движам низ државата поради катастрофално глупавите мерки, бев да се вакцинирам со сопругата во салата Борис Трајковски, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во  телевизија Алфа. Мицкоски укажа дека …

Мицкоски: Бев принуден да се вакцинирам поради мерките донесени од Владата Read More »

Кондовски открива зошто Наташа Петровска извиси за втор мандат во Битола


Кандидатот за градоначалник на СДСМ денеска изјави дека Петровска работела домаќински, но требало да менаџира многу побрзо   Анета Блажевска БИТОЛА – Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, открива зошто актуелната градоначалничка Наташа Петровска извисила за втор мандат. На првата средба со битолските новинари одговарајќи на новинарско прашање – Кој е најголемиот …

Кондовски открива зошто Наташа Петровска извиси за втор мандат во Битола Read More »

Маричиќ: Планот е следната година да бидат дигитализирани 200 судници


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска соопшти дека е направен план за дигитализација со којшто ќе се овозможи речиси 200 судници низ државата да бидат опремени со соодветна опрема, која е донирана од повеќе странски субјекти, амбасадите на САД и Норвешка, ОБСЕ и ЕУ. Дигитализацијата треба да овозможи спроведување на онлајн судења. Маричиќ упати честитки до Судот во Кавадарци, како најподготвен …

Маричиќ: Планот е следната година да бидат дигитализирани 200 судници Read More »

Се чистат диви депонии околу гробиштата во Бутел


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна активности за расчистување на четири диви депонии во скопската општина Бутел. Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, се лоцирани на улицата „Бетовенова“, како и улиците „Александар Урдаревски“ и „Лазо Трпевски“, во непосредна близина на гробиштата. „Во координација со Општината Бутел, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започнаа …

Се чистат диви депонии околу гробиштата во Бутел Read More »

Со рокада на попишувачи ќе се решава проблемот со невакцинираните


Сѐ поголем е бројот на оние кои не сакаат да пуштат попишувач дома доколку тој не е вакциниран, од страв од зараза со корона вирусот, а пописот почнува во недела на 5 септември. На прашање што со оние кои нема да сакаат да пуштат попишувач затоа што не е вакциниран, премиерот Зоран Заев вели дека …

Со рокада на попишувачи ќе се решава проблемот со невакцинираните Read More »

До сабота стабилно и топло, од недела дожд


 Во петок и во сабота ќе се задржи стабилно време со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со …

До сабота стабилно и топло, од недела дожд Read More »

Царовска: Учењето не значи учебник


По информациите дека некои ученици од четврто одделение во Скопје немаат учебници, ниту таблети, а и ученици во шесто одделение немаат учебник по историја, министерката за образование Мила Царовска вели дека има многу начини да се учи, а тоа не значи само постоење учебник. – Учениците имаат и таблет, учениците имаат и учебници. Родителите, наставниците …

Царовска: Учењето не значи учебник Read More »

Бујар Османи се вакцинираше по третпат


Министерот за надворешни работи Бујар Османи се вакцинираше по третпат. Иако науката се уште не расчистила со оваа дилема, а за тоа нема ни формална одлука на Владата, Османи сакаше со личен пример да ги мотивира граѓаните во Тетово да се вакцинираат и да покаже со личен пример дека тој како доктор ја смета вакцината …

Бујар Османи се вакцинираше по третпат Read More »

(Во живо) Заев, Царовска, Шилегов и Мукаетов во средното медицинско „Панче Караѓозов“


Премиерот Зоран Заев, министерката за образование Мила Царовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов, Маја Салиу и директорот на Алкалоид АД Скопје Живко Мукаетов, ќе присуствуваат на промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

До 15 септември аплицирање за средношколски стипендии


Министерството за образование и наука соопшти дека во тек е аплицирањето на новите конкурси за доделување на средношколски стипендии за учебната 2021-2022 година, како и поднесувањето документи за обнова на правото на стипендија за тековните корисници кои истото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а исполнуваат услови за продолжување. Конкурсите за доделување на …

До 15 септември аплицирање за средношколски стипендии Read More »

Вчера се аплицирани 12.022 вакцини


На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани. Како што информираа утрово од Министерство за здравство со последните бројки 53 …

Вчера се аплицирани 12.022 вакцини Read More »

Учениците се вратија во училишните клупи, надлежните со апел да се почитуваат протоколите


По пауза од една ипол година, средношколците и основците од вчера повторно се вратија во училишните клупи, притоа почитувајќи ги сите здравствени протоколи. Според надлежните, новата учебна година со физичко присуство почна успешно и без проблеми, а на децата и наставниците им посакаа убав почеток и одговорно придржување до здравствените протоколи. Во училиштата протоколите предвидуваат …

Учениците се вратија во училишните клупи, надлежните со апел да се почитуваат протоколите Read More »

Петнаесетгодишното девојче е најмладата жртва на Ковид-19 од почеток на пандемијата


Во статистиката на Министерството за здравство вчера беше регистрирана најмладата жртва на Ковид-19 од почетокот на епидемијата. Се работи за 15-годишна пациентка од тетовско Селце, чија мајка исто така починала од компликации предизвикани од ковид. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка била со обезитас (покачена …

Петнаесетгодишното девојче е најмладата жртва на Ковид-19 од почеток на пандемијата Read More »

Сончево, посвежо и ветровито


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите. Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во …

Сончево, посвежо и ветровито Read More »

Нови 906 случаи на Ковид-19 и 26 починати


Во последните 24 часа, од направени 6.006 тестирања, регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19, што е 15 проценти од сите примероци. Починаа 26 лица и оздравени се 343 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Од починатите 26, осум лица се од Скопје, шест од Тетово, Струга три, по две лица во Гостивар и Кичево, …

Нови 906 случаи на Ковид-19 и 26 починати Read More »

Во вториот квартал бројот на родени помал за четири отсто, на починати зголемен за дури 40 отсто во однос на лани


Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4.604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7.496 лица, Од починатите, 13 биле доенчиња. Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен …

Во вториот квартал бројот на родени помал за четири отсто, на починати зголемен за дури 40 отсто во однос на лани Read More »

Од понеделник градскиот јавен превоз со редовен режим, денеска метеж


Со почетокот на учебната година, средношколците, кои користат јавен градски превоз, ги преполнија автобусите во Скопје.  Дел од нив и без маски, а возачите немаат право да ги симнат од автобусот.  – Во моментов само дел од приградските линии се придржуваат до саботен возен ред, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на …

Од понеделник градскиот јавен превоз со редовен режим, денеска метеж Read More »

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година


Првата долгорочна стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ, н а предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, …

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година Read More »

МЗ: Вчера аплицирани 13.037 вакцини, 53 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза


Министерството за здравство соопшти дека вчера се аплицирани 13.037 вакцини. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 …

МЗ: Вчера аплицирани 13.037 вакцини, 53 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза Read More »

Од денеска по 25 деца по групите во градинките


Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посета на клонот „Сончогледи“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во Општина …

Од денеска по 25 деца по групите во градинките Read More »