Непознати истураат ѓубре во центарот на Скопје, „Комунална хигиена“ бара помош од граѓаните


 

Oткако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како двајца истураат ѓубре од црни ќеси во центарот на Скопје, од „Комунална хигиена“ побараа помош од граѓаните, доколку видат некој вака да се однесува,. да пријават.

– Во текот на вчерашниот ден до ЈП „Комунална хигиена“-Скопје анонимно беше испратен загрижувачки видео-материјал што го објавивме на социјалните мрежи. На оваа видео-снимка може да се забележат поединци како намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и со црни кеси истураат отпад по должина на шеталиштето во центарот на градот“, рече денеска на прес-конференција дирекоторот на „Комунална хигиена“, Зухди Енуз.

Тој појасни дека вакво недолично однесување и уништување на јавниот имот имаат забележано на неколку локации низ градот, а и покрај тоа што екипи на претпријатието ќе исчистат, следниот ден има расфрлан отпадот на тие локации, што доведува до заклучок дека тоа се врши намерно во вечерните часови.

– Имаме информации дека станува збор за организирана група на поединци забележани неколку пати низ центарот на градот, како вршат расфрлање на отпад на различни локации. Но, поради фактот дека на самата видео-снимка е невозможно да се препознаат лицата коишто го вршат ова казниво дело, ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ни пријавуваат секаков вид на недолично однесување на поединци што претставува непочитување на трудот на комуналните служби на Градот Скопје и нашите заложби за почиста и поздрава животна средина. Секое недолично однесување и загадување на животната средина ќе биде пријавено до надлежните органи и ригорозно санкционирано – вели Енуз.