Ослободена велешанката Пале Илоска која во самоодбрана го уби партнерот

„Обвинетата Павлинка Иловска, се ослободува од обвинение“, рече судијката.


Основниот суд Велес ја ослободи од обвинение велешанката Пале Илоска која лани со нож го уби нејзиниот насилен партнер од Велес, која одговараше за кривично дело „убиство во миг“.

„Обвинетата Павлинка Иловска се ослободува од обвинение“, рече судијката.

Илоска пред судијката која ја води постапката вчера кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Овој случај наиде на бурни реакции во јавноста, зато ашто се дозна дека  таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, па во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство во миг кое предвидува затворска казна од една до пет години.

Судијката, при денешното изрекување на пресудата рече дека има олеснителни околности за ваквата пресуда, а Илоска беше во куќен притвор.