Без вода дел од населбата Ново Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на булевар „Видое Смилевски Бато“ број 15 прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на ниска зона на овој булевар од броевите 1 до 55 во населбата Ново Лисиче. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот и ќе трае до […]

Нови 370 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 10 лица, најмладиот на 37 години


Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на Ковид-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и […]

Европскиот суд ја прифати жалбата на разрешената судијка Лидија Неделкова


Европскиот суд за човекови права, смета дека поранешната судијка и претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, оправдано се жали за разрешувањето од судиската функција. Оформен е предмет, по кој, ќе се преиспитува законитоста на нејзиното разрешување од страна на Судскиот совет, кој ваква одлука донесе минатата година. За ова, известување добила и самата Неделкова, која […]

За утре најавен протестен марш во Скопје против руската инвазија во Украина


Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за  утре, 6 март 2022 година (недела), организира протестен марш во знак на протест на Украинците против руската инвазија во Украина. Воедно, од здружението ги повикуваат сите слободољубиви граѓанки и граѓани да се приклучат на протестот i да го изразат својот револт против војната и безграничната […]

Прекинато водоснабдување кај дел од корисниците во општина Центар


Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 300 милиметри на плоштадот „Македонија“ до кафаната Пелистер прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ на потегот од портата „Македонија“ до плоштад „Македонија“,  како и дел од улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Луѓето малку и понекогаш погрешно се информирани за теми од астрономијата


Ноќното ѕвездено небо повторно може да се набљудува во скопскиот Планетариум кој поради пандемијата беше затворен две години. Најбрзите што успеаја да купат влезница имаа можност да присуствуваат на едно од четирите предавања кои завчера и вчера ги организираше Скопското астрономско друштво. И предавачите, исто така, се задоволни од повторната средба со посетителите иако, со […]

Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност


Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај. Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина. Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување […]

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи


Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се […]

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Рурална мартовска акција „Ги нема жените, го нема напредокот“


Под мотото „Ги нема жените, го нема напредокот!“, тимот на Руралната Коалиција, но и локалните чинители од општините во пет различни плански региони Југозападен, Југоисточен, Полошки регион, овој месец ја почнаа руралната мартовска акција. Акцијата почна вчера во Општина Радовиш, каде што беше испратена пораката дека ако ги нема жените ќе го нема ниту напредокот […]

Препораките за олеснување на ковид-рестрикциите чекаат зелено светло од Главниот штаб и Владата


Продолжува трендот на намалување на бројот на позитивни случаи и на хоспитализирани од КОВИД-19. Главниот координативен кризен штаб и Владата треба да се произнесат околу мерките кои беа предложени во насока на олеснување на рестрикциите, а од Комисијата за заразни болести се оптимисти дека во скоро време би можело да се разговара и за ограничување […]

Облачно и студено со дожд и снег


Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во […]

Aстрономски календар


Денеска е сабота, 5 март 2022 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 301 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 17 часот и 27 минути. Денов трае 11 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Има горива за непречено снабдување, кај граѓаните не треба да има паника, вели Ковачевски


Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со претставници на здруженијата на пензионерите. Премиерот […]

Реконструкција на улицата „Перо Наков“


Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкција на улицата „Перо Наков” во Гази Баба, а за таа цел беше потпишан договор меѓу градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „На барање на граѓаните од заедниците „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Градот […]

Во Кичево и во Македонски Брод годинава нема дуални паралелки


Разговорите  поврзани со проектот „Учи паметно, работи стручно“, ни даваат слика за потребите на компаниите за стручни и обучени лица, но и за реалните можности и услови на средните стручни училишта да ги обезбедат овие лица, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета на општина Кичево, каде продолжија консултациите со стопанството, […]

Повик за Награда за најзелена општина


На Светскиот ден на дивиот свет, Делегацијата на Европската Унија ја промовираше за прв пат наградата за Најзелена општина. Повикот е отворен за сите општини во Северна Македонија и им нуди можност да ги покажат активностите со кои придонеле за заштита на животната средина. Повикот има за цел да ги промовира добрите практики воспоставени во 2021 […]

Уставен суд: Формиран предмет за урбанистички планови во Маврово


Во Уставниот суд формиран е предмет У.бр.21/2022 откако подносителот Драган Пешевски, адвокат од Скопје испратил дополнување на иницијативата, по претходно укажување на Судот. Со иницијативата, како што информираат од Уставниот суд, оспорени се следните Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од […]

Регистрирани нови 389 случаи на заразени со Ковид-19, починати се 15 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, дека се направени 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – […]

Со изложба на маски во Прилеп почнаа карневалските свечености


Со изложба на околу 300 маски, изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта, а претставени во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почнаа карневалските свечености во Прилеп. Главното карневалско дефиле на маските е в недела на Прочка кога се очекуваат околу 500 учесници од Прилеп и другите градови. Како што објаснува Снежана Ристеска, […]