Костадинов заработи кривична за набавката на автобусите во Струмица


СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица …

Костадинов заработи кривична за набавката на автобусите во Струмица Read More »

Николовски ќе тужи членови на ВМРО-ДПМНЕ: Името ми го валкаат со измислици


Поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски најави тужби кон членови од ВМРО-ДПМНЕ за, како што вели, неразумните обвинувања и тенденцијата неговото име да се валка со измислици и лажни тврдења. „Наместо да ја согледаат реалната состојба и да преземат конкретни чекори по моите укажувања за проблемите со ИПАРД, неисплатените субвенции …

Николовски ќе тужи членови на ВМРО-ДПМНЕ: Името ми го валкаат со измислици Read More »

Јовановски најави нова социјална мерка – 4.000 денари месечно за деца со посебни потреби во Кичево


По повод Светскиот ден на децата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, ја најави новата општинска програма за финансиска поддршка на семејствата со деца со посебни потреби. Според најавата, Општината многу скоро ќе објави јавен повик до сите семејства кои имаат деца од 0 до 26 години, а со програмата ќе …

Јовановски најави нова социјална мерка – 4.000 денари месечно за деца со посебни потреби во Кичево Read More »

Урната дивоградба во Визбегово


Во раните утрински часови, Општина Бутел во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција за отстранување на бесправно изграден објект во населеното место Визбегово. Од општината посочуваат дека примената на Законот за бесправно изградени објекти се одвива континуирано и на целата територија под нивна надлежност. Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека додека го води општината, …

Урната дивоградба во Визбегово Read More »

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“


Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на …

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“ Read More »

До недела дожд


Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со …

До недела дожд Read More »

Секој граѓанин ќе може да го следи секој денар од унгарскиот кредит


Преку новата Платформа за следење на проектите финансирани од Владата, секој граѓанин, секој новинар ќе има увид до каде се проектите и како се трошат парите од унгарскиот кредит, кој Владата го зеде и го распредели по сите општини за одредени проекти. Реализацијата на проектите може да се следи на proekti.gov.mk. „Ова е чекор напред …

Секој граѓанин ќе може да го следи секој денар од унгарскиот кредит Read More »

Транспарент со фотографии од загинатите во „Пулс“ ги пречека денеска обвинетите на рочиштето


Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска распнаа транспарент со фотографи од сите жртви, со коиј ги пречекаа обвинетите и нивните адвокати на денешното продолжение на рочиштето, што се одржува во големата судница во близина на затворото „Идризово“. На него пишува „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара ПРАВДА“. …

Транспарент со фотографии од загинатите во „Пулс“ ги пречека денеска обвинетите на рочиштето Read More »

Новиот претседател на ДКСК сака да ја поправи оценката од ЕУ


Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието Африм Гаши. Најавува дека заедно со неговиот тим ќе бараат интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции. – За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав …

Новиот претседател на ДКСК сака да ја поправи оценката од ЕУ Read More »

Обвинетиот инспектор Георгиев си го бара телефонот назад – во него нема никакви докази за несреќата во „Пулс“


На денешното рочиште за случајот „Пулс“ без изнесени воведни зборови од одбраната запоранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), кој е обвинетите за тешки дела против општата сигурност. Тој, во судницата во Идризово побара да му биде вратен мобилниот телефон, кој му бил одземен како доказ во истрагата. Георгиев, како и сите обвинети во случајот …

Обвинетиот инспектор Георгиев си го бара телефонот назад – во него нема никакви докази за несреќата во „Пулс“ Read More »

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје


Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца …

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје Read More »

(Во живо) Судење за „Пулс“


 Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.  Родителите на загинатите дојдоа пред судницата во Идризово со транспарент со фотографии на загинатите во пожарот. Транспарентот на кој пишува „16.03.2025. 63 …

(Во живо) Судење за „Пулс“ Read More »

Во Свети Николе изградена кафеана на нива – си работела без дозвола; до градинка пак, нема пат


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Свети Николе, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, …

Во Свети Николе изградена кафеана на нива – си работела без дозвола; до градинка пак, нема пат Read More »

(ВИДЕО) Поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа сподели дека е поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла, и дека денеска ќе продолжат и во другите населени места. „Започнавме со поставување светлосна сигнализација на пешачките премини. Овој чекор не е само техничка обнова, туку јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и …

(ВИДЕО) Поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла Read More »

Топаловски: Системот „Безбеден град“ нема да казнува ако возачот навистина спасува живот и вози со 4 трепкачи


Во гостувањето во емисијата „Претрес“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека системот „Сејф сити“ ќе прави разлика меѓу реални итни ситуации и прекршоци, нагласувајќи дека нема да се казнуваат возачи кои имаат оправдана причина да возат со четири трепкачи. „Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот …

Топаловски: Системот „Безбеден град“ нема да казнува ако возачот навистина спасува живот и вози со 4 трепкачи Read More »

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија


Најниска температура од 3 степени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Маврови Анови, соопшти УХМР. Следат Kрушево и Лазарополе со 4 степени, 6 во Скопје-Петровец, Tетово, Прилеп, Крива Паланка, и во Претор, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица и во Гевгелија, 8 во Кавадарци, Куманово и Велес, 9 Виница, Охрид, Штип и 10 степени …

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија Read More »

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози


Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување …

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози Read More »

Облачно со локален дожд


 Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе …

Облачно со локален дожд Read More »

Предавање на германскиот професор Антолин за предисториските локалитети во земјава


Германскиот проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт денеска ќе одржи предавање на Филозофскиот факултет при УКИМ. Антолин е еден од водечките светски археоботаничари и повеќе години работи на неколку предисториски локалитети во Македонија. Оттука и насловот на неговото предавање „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and …

Предавање на германскиот професор Антолин за предисториските локалитети во земјава Read More »

Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час


Камерите од системот „Сејф сити“ го регистрираа рекордерот во брзо возење – 231 км/ч на скопската обиколница на први декември, открија во гостувањето на ТВ Телма началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов и државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски. Податоците кои се добија за само …

Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час Read More »