Невреме во Делчевско, поплавени улици, срушени бандери, светлечки реклами и билборди…


Големо невреме денеска по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови. На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели. Најголеми […]

„Скопје прајд“ под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“


Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, се одржува овогодинешното издание на „Скопје прајд“. Почетна точка беше во паркот „Жена-борец“ во Скопје, од каде што во 19 часот тргна третата по ред скопска парада на гордоста кон Стадионот на АРМ, каде што се одржува пригодна програма и на која настап има овогодишната македонска претставничка […]

ВМРО-Народна: Вчерашното гласање во бугарскиот парламент е позитивен чекор


  ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент, со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Македонија, не само што се отвора патот на европската интеграција на државата, туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција […]

Македонскиот јазик од следната академска година ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет


Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката, информираат од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК). До сега, македонскиот јазик […]

Пендаровски: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост


Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопшти Кабинетот на шефот на државата. По повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, претседателот Пендаровски […]

Македонистиката вклучена во француско-германски проект за мапирање ретки дисциплини


Со одлука на научна комисија на француското Министерство за високо образование и истражување, Македонистиката е вклучена во француско-германскиот проект за мапирање ретки дисциплини во Франција и во Германија. Иницијативата за вклучување на Македонистиката во овој значаен проект ја покрена проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од Институтот за ориентални јазици и култури во Париз (ИНАЛКО), јави дописникот […]

Без вода дел од скопско Лисиче


Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ […]

Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини, за излез на Богородица и Табановце се чека половина час


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце за излез од земјава чекањето е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Денес ќе се одржи Парада на гордоста во Скопје


Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици. Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во […]

Манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022


Во Паркот на Франкофонија – Мобилна / Монтажна галерија, денеска ќе се одржи првата манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022. Како што најавија од Центарот за современи уметности – Скопје и CRUISE CULT, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на […]

„Изложба без име“ на плоштадите во Тетово и во Гостивар


На плоштадите Илирија во Тетово (11:00) и во  Гостивар (15:00) денеска ќе биде поставена „Изложба без име“ на Центарот за Еднакви Можности „Бубамара“. Пораката на изложбата што вчера беше поставена во Старата скопска чаршија е „Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“. Целта на оваа изложба е преку илустрации на уметникот „Рехатлику“ да се […]

Сончево и топло, попладне локална нестабилност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. […]

ССМ: Синдикалниот притисок го продолжуваме на улица


 Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ соопшти дека незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини на денешната седница одлучи незадоволството да го изразува на улица. Поконкретно, како што потенцираат од Синдикатот, в понделеник, 27 јуни, од 7 до 10 часот ќе застанат на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата […]

Народниот правобранител со бројни забелешки за условите во казнено-поправните установи


Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози […]

Уште 108 новозаболени со Ковид-19, 88 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип […]

Поради парадата на гордоста во сабота, сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.06.2022 година (сабота) поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје. За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта […]

Општина Битола не наплатила една третина од данокот последните две години од мандатот на Наташа Петровска


  БИТОЛА – Шестмина доставувачи на решенија за данок на имот две години биле на платен список на Општина Битола, а не си ја сработиле работата за која биле платени. Подоцна биле ангажирани уште тројца нови и тие не ги исполниле обврските докрај. Ова се случувало во двете години на ковид пандемијата, кога на чело […]

Продолжи штрајкот на ССМ, денеска пред Министерството за финансии


Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ Дарко Димовски […]

Прекината комисиска расправа за утврдување предлози за уставни судии


Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување на предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата беше прекината. На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да бидат сигурни за најдобар можен избор на уставни судии што можат да […]

Обучени волонтери од сите засегнати општини ќе ја штитат Шар Планина од пожари


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути ја посети обуката за справување со пожари на отворен простор за просторните сили на Шар Планина, што вчера и денес се реализира во организација на ЈУНП Шар Планина со поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување и Против […]