Како изгледаше на првиот ден од Пиволенд во Скопје (фото)


Среќно и насмеано Скопје. Таква беше првата фестивалската вечер на најголемиот пивски фестивал во земјата Пиволенд. Скопјани уште еднаш испратија порака дека го сакаат Пиволенд.

Огромен број посетители синоќа уживаа во стартната програма на првиот ден од фестивалот која започна од 18;00 часот со музички настап на DJ Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада пејачка Лара Иванова на Craft сцената.

 

Првата вечер ги угости и Conquering Lion, рок бендот Shine,македонските бендови Последен Удар, Тотално Опуштање и Преку Ред, а Main Stage-от го затвори култниот македонски бенд АРЕА кој испрати силна порака до илјадниците посетители – да пееме и да ја славиме љубовта преку песна.

Скопје вчера беше и повеќе од љубов.Скопјани уживаа во пивото, наздравува за нови среќни моменти и дефинитивно се препуштија на ритамот на музиката.

И во наредните денови, Пиволенд најавува богата музичка програма, многу пиво, вкусна храна и плоштад полн со насмеани и среќни лица…