Се бара бесплатна здравствена заштита за бремените жени


Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ бара од Министерството за здравство веднаш да ја усвои мерка и буџет за обезбедување бесплатна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето за сите жени без разлика на статусот на здравствено осигурување. -Здравствената заштита за време на бременоста е од исклучително значење за […]

АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија


АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија. – ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе […]

Дури ни медицинскиот персонал не знае да им помогне на пациентите со ретката болест ХАЕ


Пациентите со хередитарен ангиоедем – ХАЕ во земјава се соочуваат со пречки од страна на медицинскиот персонал кога имаат потреба да примат терапија или да им се помогне. За таа цел, со поддршка од првата дама Елизабета Ѓоргиевска, Здружението на ХАЕ организираше предавање со д-р Весна Гривчева-Пановска од Универзитетската клиника за дерматовенерологија во Скопје, која […]

Народниот правобранител го „искара“ МОН за учебниците, за пандемијата, за греењето и за асистентите


Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијаниаето на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес […]

Нападната медицинска сеста во болницата во Куманово, од Унијата бараат мерки


Откако вчера беше нападната медицинска сестра на инфективното одделение во кумановската болница, од Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“  го осудија нападот и побараа соодветни мерки. – Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата […]

Нови зонска поделба на јавните паркиралишта во Центар


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 1 октомври 2022 година, воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието. Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање на смс […]

Почнува 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge


 Скопје викендов 10. пат е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој почнува денеска и ќе трае до 2 октомври. Хакатонот е можност за двајца учесници од победничкиот тим да ја посетат NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД, заедно со нивниот ментор. Официјалното отворање е денеска од 12:00 до 14:00 […]

Најмногу дожд во Маврово


  Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврово, 11 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, до осум часот утрово се измерени и два литра воден талог во Крица Паланка и Попова Шапка, како и еден литар на метар квадратен во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Виница, Крушево, Куманово и Пожаране. Минималните температури […]

Армијата добива 78 милиони долари од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите


  Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана. Американската поддршка, како што соопшти Министерство за одбрана, е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците […]

Промоција на публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации“


  Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска ќе ја промовира публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи). Во неа има анализи кои ги идентификуваат карактеристиките и елементите на говорот на омраза, дезинформациите и медиумските манипулации што преовладуваа во јавниот дискурс за време на дебатата за „францускиоит предлог“ и како тие […]

Противпожарни возила и опрема ќе добијат 14 општини


  Примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини ќе биде реализирано денеска во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што е најавено од Дирекцијата за заштита и спасување, на настанот ќе присуствуваат претставници од Владата и од амбасадите во […]

„Медиумски ден“ на Институтот за комуникациски студии, од годинава се приклучува и „МИА“


  Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе го организира шестиот „Медиумски ден“. Околу 130 ученици од 13 училишта ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис кои се традиционални домаќини, и Медиумската информативна агенција (МИА) и ТВ Сител ќе се вклучат за прв пат. – На „Медиумскиот […]

Сончево и топло, викендот врнежливо


  Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 10 и максимална […]

За дуели има време, сите да работат за граѓаните, велат од СДСМ


  Владејачката СДСМ вечерва посредно го отфрли повикот на лидерот на опозицијата за телевизиски дуел со премиерот околу енергетската ситуација. „СДСМ, пратеничката група и претседателот Димитар Ковачевски подаваат рака за сите коишто се подготвени да ги надминат своите теснопартиски интереси, да работат за граѓаните и да дадат свој придонес во оваа насока. Премиерот Ковачевски, парламентарното […]

Шаќири: Учебниците ќе бидат готови во текот на првото полугодие


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат. – Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на […]

Приведени три лица, сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основното јавно […]

Измените во Законот за игри на среќа го запалија алармот кај обложувалниците и вработените во секторот


Измените во Законот за игри на среќа кои се во собраниска процедура, ги вжештија односите на релација организатори на игри на среќа и спортски обложувалници од една страна и Министерство за финансии од друга. Новото законско решение предвидува оддалеченост на објектите во кои се приредуваат игри на среќа и забавни игри да биде најмалку 500 […]

Арсовска го нарече преседателот на Советот на градот Талат Славевски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на седница на Советот на Град Скопје, повторно го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот на Советот Трајко Славевски ѝ го исклучи микрофонот. „Бега шпицниот градоначалник од дебата, се крие Христијан Мицкоски, извинете морам да ви кажам, бега, пет дебати имаше можност но бега човекот, се […]

Нови 105 случаи на Ковид-19, нема починати лица


Од направени 735 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од кои 22 се реинфекции, оздравени се 49 пациенти, починати нема, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. По градови од новите случаи во Скопје има 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, […]

Oколу 31 отсто од смртноста се должи на срцевите заболувања


Речиси 31 процент од смртноста во земјава се должи на кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е и податокот што укажува дека се бележи тенденција на пораст на срцеви заболувања кај се помладата популација, која што е работно активна, односно популација под 40 годишна возраст, информираше министерот за здравство Беким Сали, по повод одбележувањето на 29 септември […]