ЈСП: Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот


Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз. Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од денеска година па сè до завршување на алармантната […]

Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките


Лажни се сите дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана […]

Спасовски гледа геостратешки, политички или авантуристички мотиви за дојавите за бомби


Дојавите за бомби се хибридни напади, а според анализите, можни се три нивоа на причини за нивните појави. Денешните дојави во неколку училишта во Скопје, Тетово, Прилеп, Струга и Битола имаат специфики, кои ќе бидат анализирани од Одделот за кибер криминал, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишниот брифинг со новинарите. -Во […]

Расчистен воздухот во Гостивар, Кичево и Кавадарци, се укинуваат мерките


Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека од денеска во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци се укинуваат мерките и препораките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, согласно измерените вредности. Имено, поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за […]

Протест на Асоцијацијата за цистична фиброза: Пет до 12 изминува – пациентите немаат време да чекаат терапија


Асоцијацијата за цистична фиброза денеска организираше протест пред Министерството за здравство барајќи да се обезбеди модуларна терапија за сите пациенти, подобри услови за хоспитализација на клиниките за пулмологија и за детски болести, како и обезбедување на медицински помагала неопходни во секојдневната терапија. Фики Гаспар, еден од пациентите кој има цистична фиброза, вели дека се тука […]

Најголемото загадување доаѓа од греење, односно биомаса


Откако неколку дена со ред, загадувањето во неколку града во Македонија ги надмина дозволените граници, Владата донесе мерки за заштита на населението, но јавноста забележа дека мерките се носат за заштита од веќе отровниот воздух, но слабо се прават потези за да не дојде до вакво екстремно загадување. Министерот за животна средина и просторно планирање […]

2022 беше година на предизвици за полицијата – Ковид-кризата се трансформираше во глобална криза на хибридни напади


Последните месеци од годината бевме сведоци на еден современ феномен на хибридни напади, кои покрај државите од регионот, од Европа, како и САД, Канада и Нов Зеланд, не ја заобиколија ни нашата држава. Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишниот брифинг со медиумите на кој оцени дека ова е годината […]

Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево


По котлините утре наутро ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Минималната темпратура ќе […]

Извештајот на УЈП за приватните превозници сѐ уште не е стигнат во Владата


Извештајот на Управата за јавни приходи (УЈП) се уште не е пристигнат во Владата и по неговото добивање се очекува министрите од економските ресори да одржат состаноци со приватните автобуски превозници и со Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата потврди дека извештајот на УЈП не е пристигнат […]

Дојави за подметнати бомби и во три основни училишта во Прилеп


По добиени дојави за подметнати експлозивни направи, денеска е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“. Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите. Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната […]

Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода


Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ […]

Мијалков спроведен во Кривичниот суд за „Титаник 2“


По неспроведувањето на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, на судско рочиште за „Титаник 2“ и јавните преписки меѓу затворската управа во Струга и Основниот кривичен суд Скопје, утрово тој беше спроведен на ново рочиште за овој судски процес.Во присуство на неговите двајца адвокати, Љубомир Шврговски и Петар Василев, тој утрово седна во петтиот ред во […]

Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола


Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за […]

Најстудено во Берово, а најтопло во Дојран


Најстудено утрово е во Берово со -5 степени, во Битола се измерени -4 Битола, во Скопје, кај Петровец и Демир Капија -3, во Струмица и Тетово -2, во Прилеп и Дебар -1. Нула степени се измерени во Скопје, кај Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, еден степен над нулата е во Охрид, Претор, Лазарополе, три во […]

Армијата ќе го брифира врховниот командант Пендаровски за борбената готовност


Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година. Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел […]

Во сила мерки за надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички во Скопје, Кичево, Кавадарци, Струмица и Гостивар


Поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од […]

Без струја делови од Капиштец и Тафталиџе и неколку села во Илинден


Без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат делови од населбите Капиштец и Тафталиџе, како и неколку села во Општина Илинден. Како што информираат од РЦУК, во периодот од 09.00 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците на улица „Козара“ на боевите 17, 19, 21 и 28) во населбата Капиштец во Општина Центар, а во […]

Сончево со мала локална облачност и релативно топло, по котлините утринска магла


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 26 декември 2022 година, 360-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 5 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа 7 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и […]

Демолирана планинарската кула на Титов Врв


Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв. На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови. Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета. […]