Се одржа трката на Дедомразовци во Скопје (Фото галерија)


Традиционалната Дедомразовска трка денеска напладне се одржa во Скопје во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје. На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми  трчаа на патека во должина од два километра, а за победниците беа  предвидени награди. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на неа можат […]

Министерството за здравство не обезбедило терапија за цистична фиброза


Членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза утре ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, и покрај ветувањата кои што досега ги добивале од Министерството, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува. Асоцијацијата водеше активна кампања за […]

Изграден затворен пазар во Кисела Вода


 Во Општина Кисела Вода е изграден затворен пазар чија  вредност е 13 милиони денари, од кои 9,8 милиони денари се обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа, со што граѓаните на општина Кисела Вода добија модерен и безбеден простор за продажба и за снабдување со прехранбени производи, информираат од Министерството за локална […]

Елена Ристеска ќе пее за Нова година во Скопје


  Познатата македонска пејачка Елена Ристеска објави видео на нејзиниот Инстаграм профил и потврди дека ќе пее за Нова година на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Ристеска преку видео ги покани своите фанови, но и останатите граѓани на дочекот на новата 2023 година. – На 31 декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно […]

Скопје утрово четврти најзагаден град во светот


Утринава Скопје повторно е еден од најазагадени градови во светот -четврти на листата, според списокот на IQair. Главниот градот на Македонија е во друштво на Лакоре во Пакистан, Акра во Гана, и на првото место е Њу Делхи во Индија.

И во Гостивар мерки за заштита од алармантното загадување


Министерството за животна средина и просторно планирње информира дека мерките и препораките за заштита поради алармантниот степен на загаденот во континуитет повеќе дека, ќе важати и за Гостивар. – Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови […]

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик


 Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои […]

Дедомразовска трка во Скопје


Традиционалната Дедомразовска трка денеска напладне ќе се одржи во Скопје во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје. На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат на патека во должина од два километра, а за победниците се предвидени награди. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на […]

Во Скопје, Кичево, Квадарци и Струмица стапија во сила мерки против загадувањето


  Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми […]

Алијансата за Албанците денеска има конгрес, ќе го бира Таравари за претседател


  Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата, функција за која единствен кандидат е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател. Арбен Таравари. Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во […]

Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките


Лажни се сите дојави за поставени бомби 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси. -Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа  и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, сооптшија […]

Архиепископ Стефан: Оливер Андонов дава опасни изјави и суптилно повикува на омраза


  Во повеќе наврати, при своите гостувања во медиумите, г. Оливер Андонов изнесува разни информации за текот на преговорите меѓу Српската и Македонската православна црква во однос на нашето црковно прашање, потенцирајќи ја својата наводна улога во целиот процес. Сакаме во целост да ги демантираме овие наводи за неговата целосна вклученост во процесот, сметајќи ја […]

Управата за водење на матичните книги не знае за поднесена кривична пријава за вработени


Набавката за дигитализација на матичните книги ,се спроведува согласно стратешкиот план на Владата на Република Северна Македонија и стратешкиот план на Управата за водење на матичните книги по предходно усвоен буџет за тековната година за 2020-2024 година. Управата за водење на матичните книги секоја година доставува акциски план и известување до Владата за реализација на […]

Минатиот месец пораснал бројот на акутни заразни заболувања, соопшти ИЈЗ


Минатиот месец во С. Македонија пријавени сe вкупно 1.133 заболени лица од акутни заразни заболувања (овчи сипаници, ентероколитиси, шуга, инфективна мононуклеоза, салмонелози, скарлатина, сифилис, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, вирусен хепатитис Б и вирусен хепатитис Ц). Ова го покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити), учествуваат со 91,2 […]

Погледнете како изгледаше симулациската вежба за евакуација во „Лазо Ангеловски“


Во средата, во  ООУ „Лазо Ангеловски“–Аеродром, беше реализирана симулациска вежба „Евакуација на ученици, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“. На вежбата учествуваа волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Град Скопје , ПСОН Аеродром, Противпожарна бригада Скопје, ДПД „Бајрам Мифтари“. Волонтерите заедно со доброволните пожарникари вршеа пребарување, евакуација […]

Премиерот ги посети децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ги посети децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје и им подари новогодишни пакетчиња. Ковачевски на малите пациенти им посака што побрзо да ја победат болеста и да се вратат дома кај своите семејства. „Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно […]

Нема вина во затворот во Струга за Сашо Мијалков, судските служби направиле превид


  Управата за извршување на санкциите смета дека не постои одговорност кај било кој вработен во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот „Титаник 2“, бидејќи по вонредниот инспекциски надзор констатирано е дека не се работи за […]

И денеска дојава за бомби во 19 училишта во Скопје


Повторно дојава за поставени бомби добиле училишта во Скопје на своите меил адреси. Во моментот се врши евакуација на учениците и вработените, а полицијата ги проверува објектите.  Според она што го дознаваме, дојава има во средното училиште „Владо Тасевски“, а се чека потврда од МВР за тоа каде сѐ има дојава денеска.  Нови 19 дојави […]

МЖСПП: Сите мерни станици за квалитет на амбиентен воздух се во функција


Министерството за животна средина и просторно планирање  информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно […]

Јовановски: УЈП утврди долг кон „Слобода превоз“ повеќе од милион евра


Приватните превозници се повлекоа од улиците на Скопје, откако добија ветување од премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски дека ќе имаат средба, а сега тврдат дека Управата за јавни приходи (УЈП) го утврдила долгот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – „Скопје“. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска претходно негираше дека ЈСП „Скопје“ имаат долг кон приватните […]