(Видео) Војниците од АРМ извлекоа 5-годишно дете од урнатините во Турција


Армијата помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш.
 
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.
 

По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

Дополнителн АРМ испрати уште 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини. Тие денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје заминаа во Република Туркије, каде ќе учествуваат во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

Екипите, пак,  на Противпожарната единица на градот Скопје се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови. Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвои шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.