УХМР: Утре на места зголемена облачност и услови за слаб дожд


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Потоа, како што велат од УХМР, продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие […]

Основци од СОС Детско село беа гости на Зимскиот базар во Меѓународното училиште „НОВА“


  Околу 15 штитеници на СОС Детско село беа вклучени во активностите подготвени во рамки на Зимскиот базар во организација на Асоцијацијата на родители и наставници при Меѓународното училиште „НОВА“. При посетата на базарот, учениците од повисоките одделенија од „НОВА“ ги придружуваа децата од СОС Детско село кои учествуваа во спортски активности, изработуваа новогодишни декорации, […]

Инспекции на Општина Центар – казна за едно возило со валкани тркала


  Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во текот изминатите денови спроведува акција на терен за контрола на различни правни субјекти во однос на контрола на градилиштата. Поделени се Известувања со обврски согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани […]

Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид


Утрово на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава, информира МВР. – Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на […]

Буџетот на Скопје за 2023 година е 114 милиони евра, најмногу ќе се троши за комунални дејности


На седница на Советот на Град Скопје денеска, на само четири дена пред истекот на годината, ќе се најде предлог-буџетот за 2023 година. Според направените процени и анализи, во буџетот за идната година се предлагаат вкупни приходи и други приливи во износ од 7 милијарди денари, вклучувајќи го и делот од вишокот на приходи остварен […]

Скопје уште во топ 10 најзагадени градови на светот


Жителите на Скопје утрово се разбудија во смог, а градот повторно се најде на неславната ранг листа на најзагадените градови во светот, заземајќи го 9-тото место според според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време. Македонскиот главен град, со индекс на квалитетот на воздух од 166, на листата е заедно со градови од […]

Продолжуваат лажните дојави за бомби, според Спасовски мотивите за нив – геостратешки, политички или авантуристички


Веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава. Закани за поставени експлозивни направи беа упатени и вчера на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Струга, за кои од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, и тие, исто така, се лажни. Во […]

Свеченост за завршување на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин


Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свечена церемонија за завршувањето на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин на 149 припадници на Армијата. На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Како што информираат од Министерството за одбрана, пред […]

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Нерези


Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Демир Трајко“ 13б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и улицата „Партизанска“ – краци 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во Нерези во Општина Карпош, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму додадоа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па […]

Сончево со мала локална облачност и утринска магла по одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 16 степени. Во Скопје претпладне магливо, а […]

Поради магла намалена видливост на патиштата долж Повардарието


Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Велес, а од 100 до 150 метри на патот Градско – Неготино. На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 27 декември 2022 година, 361-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 4 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа 27 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Лажни се дојавите за бомби во 23 основни училишта во Скопје


Лажни се сите дојави за поставени бомби во 23 основни училиштата во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, […]

Два објекта треба да платат по 12.000 евра казна за загадување


Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.  Контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е […]

Пендаровски ја награди архитектонската идеја за викенд населбата на Велешкото езеро Младост


 „Вила за современо домување, викенд населба на Велешко езеро – Младост“, изработено од Марија Димитриевска и Елена Пазарџиевска е најуспешното дело, добитник на Големата годишна награда за архитектура за 2022 година, која традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Како покровител на настанот, наградата ја врачи претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека оваа манифестација […]

Рецензентите сугерирале исправање на грешките во учебникот по Историја за V, сепак потпишале ЦД со грешки


Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат ја префрлаат на МОН. Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот […]

СДСМ обвини за расипништво: Секретарка во општина Гази Баба земала плата и хонорар


СДСМ обвини дека во Општина Гази Баба расипнички се трошат буџетските пари и дека кадар на ВМРО0ДПМНЕ земала плата и хонорар во исто време. -Секретарката на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски, познат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, освен што добива плата за нејзината позиција, си обезбедиле дополнителен приход од буџетот на Општината.Освен што е секретар на […]

Тетово енормно загадено, стапуваат на сила мерки за заштита


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е […]

Избрани најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во град Скопје


Денеска свечено доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година. Радува фактот што годинава станува збор за млади луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат нашите сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост. За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со […]

Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво, во тековната година успешно реализирани сите предвидени задачи


За состојбата и реализацијата на плановите и задачите на Армијата кои влијаат на борбената подготвеност на Армијата, денеска во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана беше ифнормиран претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски. За време на брифингот за борбената готовност на Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на […]