Фатен затвореник кој денеска избегал од затвор


Денеска , во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.

За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.