Општината, утринава, ги отстрани „дивите“ препродавачи кај Зелен пазар


Фото: Б. Грданоски

Без хаос и диви препродавачи на Зелен пазар утрово. Продолжуваат контролите се до конечно искоренување на проблемот кој ги засега жителите на овој реон, напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на Фејсбук. 

 

Секоја година, општинските власти заедно со инспецијата и полицијата отстрануваат тезги кои се наоѓаат во поширокиот круг околу Зелениот пазар во Скопје. Проблемот е децениски. Досега никој не успеал целосно да го реши. Но, ваквите еднодневни акции, успеваат да го расчистат просторот барем за некое време. 

Жалби за ваквите „диви“ препродавачи доаѓаат и од жителите на околните згради, затоа што неретко, по заминувањето на продавачите, остануваат купишта ѓубре, или расфрлани остатоци од земјоделски производи околу. Но, и од продавачите на тезгите во Зелениот пазар, кои велат дека плаќаат закупнина за тезгите, па цената на нивните произцоди е за некој денар повисока од цените на оние кои се редат околу пазарот.