Сончево со мала до умерена облачност, во Скопје наутро магливо


Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје наутро ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 15 јануари 2023 година, 15-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 350 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 9 часа и 27 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее […]

Василичарите си го кажаа своето: Со палење на маските заврши Вевчанскиот карневал


Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал. Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. […]

Нови антимакедонски провокации на бугарскиот европратеник Џамбаски, овој пат од Скопје


  Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, денеска во Скопје не се воздржа од провокативната реторика поврзани со историјата и односите меѓу двете земји. Тој денеска беше во македонската метропола на одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева, каде што стотина поддржувачи на нејзиниот лик и дело се собраа на […]

Пожар во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, бил намерно подметнат


  Во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“ доцна синоќа избил пожар во кој биле зафатени околу 20 метри квадратни. Пожарот бил намерно подметнат, велат од ЈП „Паркови и зеленило“, повикувајќи се на снимки од безбедносни камери. Во соопштение до медиумите ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека ноќеска околу 1 часот по полноќ избувна пожар […]

На Табановце се чека околу од 30 до 40 минути за влез и излез од државата


На граничниот премин Табановце се чека околу 30-40 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Најстудено во Берово минус 6, а најтопло во Дојран 2 степени


  Најстудено утрово е во Берово со -6 степени и Скопје-Петровец со -3. Минусни температури има и во Битола, Прилеп, Стурмица и Куманово, а најтопло е во Дојран со измерени 2 степени. Во првата половина од ноќта преовладуваше ведро време, а подоцна имаше зголемување на облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава […]

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржување на граничните премини


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утринава од АМСМ. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и […]

14 јануари во историјата – Континенталниот конгрес го ратификува Договорот од Париз, ставајќи крај на Американската револуција


  На 14 јануари 1784 година, Континенталниот конгрес го ратификува Договорот од Париз, со што заврши американската војна за независност. Во документот, кој беше познат како Вториот договор од Париз, бидејќи Договорот од Париз беше и името на договорот со кој заврши Седумгодишната војна во 1763 година, Велика Британија официјално се согласи да ја признае […]

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал


  Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги […]

Променливо облачно со температура до 10 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во […]

Протест на здруженијата за заштита на животните: Институциите да работат на проблемот со бездомните животни (фото)


  Здруженија за заштита на животните и бројни активисти денеска протестираа пред Владата по повод последниот настан што се случи во Струга, каде беа убиени десетина кучиња скитници. Тие бараат од институциите да работат на проблемот со бездомните животни во интерес на заштита на животните, но и на луѓето. – Ние не сакаме да има напади […]

Не е точно дека не сме го поддржале Вевчанскиот карневал, велат од Министерство за култура


Од Министерство за култура велат дека се неточни изјавите од организаторите на Вевчанскиот карневал дека Министерството не ја поддржало манифестацијата за оваа година. -Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни […]

Убавините на Охрид дел од репортажа на грчката национална телевизија ЕРТ


  Репортажа со убавините и туристичките потенцијали на Охрид беше емитувана на националната телевизија ЕРТ во Грција во рамките на серијалот „Балкан Експрес“. – Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, […]

(Фото) Вевчанскиот карневал во духот на традицијата – маските критички одраз кон стварноста


Вевчани и годинава не отстапи од традицијата на 13 јануари да пулсира во знакот на карневалот кој има долга 15-вековна историја. Учесниците на познатиот Вевчански карневал и овој пат за своите маски беа инспирирани од актуелните случувања во нашата земја, но и во странство. Василичарите ги покажаа своите креации упатувајќи се кон излезот на селото, […]

Шанса за Центар бара отчет од ЈП „Паркови и зеленило“


Граѓанската инцијатива и советничка листа во општина Центар „Шанса за Центар“ бара отчет и прави анализа на потрошените средства за зеленило што граѓаните ги плаќаат на ЈП „Паркови и зеленило“ преку сметките за вода. Првичните информации се фрапантни, велат оттаму. – Според податоците кои ги добивме по барања за пристап до информации од јавен карактер […]

Организација на Србите во Македонија го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „српски родољуб“


  Во објава од 11 јануари на порталот „Срби.орг.мк“, Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „Српски родољуб“, кој молел за помош во Белград. Истовремено, македонскиот јазик (тогаш забранет за употреба) го прогласува за дијалект (најверојатно според нив на српскиот јазик) кој подоцна станува македонски книжевен јазик. Со реакција на оваа […]

Укината железничката линија Скопје-Табановце – нема машиновозачи


Жителите на Романовце и Табановце се пожалија дека повторно е укината железничката линија Скопје-Табановце, а од ЖРСМ Транспорт информираат дека причина за тоа е недостаток на машиновозачи. Граѓаните почесто го користат овој начин на сообраќај бидејќи биле зголемени цените на автобускиот превоз, па сега останува на надлежните служби да го решат проблемот. Минатото лето, исто […]

ДИЖС му даде задолженија на „Усје“, ако не ги исполни ќе им ја одземе дозволата


Цементарница „Усје“ ќе мора во двата котли за загревање на фабриката да користи природен гас како гориво и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода, откако Инспекторатот за животна средина денеска им издаде задолжение со рокови. Доколку се утврди оти Цементарницата „Усје“ не постапува согласно решението од Инспекторатот, од ДИЖС […]

Ковачевски: Барањата на „Анима Мунди“ се легитимни


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сите барања на „Анима Мунди“ се легитимни и тој во целост ги поддржува. Тој вели дека му дал налог на министерот за земјоделство Љупчо Николовски да подготви сосема нов закон за миленици, во кои ќе биде опфатени барањата на организaциите за заштита на животните. -Барањата се легитимни и ќе се […]