Почна изградба на фекална канализација во Страчинци


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, присуствуваа на започнување на градежните работи за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинци, во општина Гази Баба.   – Започнувањето со имплементација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Страчинци во Општина […]

Намален бројот на издадени одобренија за градење


Во ноември лани се издадени 354 одобренија за градење, што е за 12.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.935.801 илјада денари, што е за 6.7 % помалку во споредба со ноември 2021 година. Од вкупниот […]

Нуредини: По вонредната инспекција во УСЈЕ, ако има неправилности ќе има санкции


Откако вчера, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се закани со кривична пријава за Цементарница Усје, заради зголемено загадување, а тие демантираа, денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, вели дека по наодот на вонредната инспекција, ќе има санкции ако има неправилности. – Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“ и ќе продолжиме со тие […]

Изложеноста на загаден воздух создава ризик за астма, инфекции, рак на белите дробови


Фините честички (PM2.5) успеваат да влезат и во крвотокот каде што предизвикуваат верижна реакција што може да доведе до срцев удар, рак и мозочен удар, укажува докторката Сузана Арбутина, субспецијалист пулмолоалерголог од Клиниката за пулмологија и алергологија во разговор за Гласот на Америка.  

Општина Гази Баба најавува изградба на четири нови градинки


Нови детски градинки ќе добијат населеното место Трубарево и населеното место помеѓу Маџари и Ќерамидница. За градинката во Синѓелиќ и за градинката во Инџиково во моментов се подготвува проектна документација, информираше денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Тоа значи дека уште во првата година од мојот мандат, почнавме со изработка на проектна […]

Нуредини го разгледува извештајот од вонредната инспекција на „Усје“


Откако вчера, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се закани со кривична пријава за Цементарница Усје, заради зголемено загадување, а тие демантираа, денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, вели дека по наодот на вонредната инспекција, ќе има санкции ако има неправилности. – Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури […]

Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување 


Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе можат да пријавуваат проблеми со јавното осветлување. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните кои се поврзани со уличното осветлување на територијата на Аеродром.   Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 07:30 до 15:30 часот, […]

Почнува реновирањето на студентските домови


Министерството за образование и наука почнува подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти. Реконструкцијата ќе опфати осум објекти во кои, како што велат од МОН,  ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови, нагласувајќи дека тоа […]

На Шапка минус седум, во Гевгелија плус шест


Најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени -7 степени, во Маврово е -4, Крушево, Дебар и Охрид -2, во Тетово -1. На другите места температурата е над нулата, во Скопје 4, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени. Снежна покривка има само на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри. Во текот […]

Здруженијата за заштита на животните на собир пред Влада со неколку барања


Здруженијата за заштита на животните денеска пред Владата организираат јавен собир за да го изразат своето незадоволство поради последниот настан што се случи во Струга, кога човек шетајќи со пушка низ градот уби десетина кучиња. Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, десетина здруженија за заштита на животните и […]

Земјотрес во Радовиш


Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала доцна вечерва е почувствуван во Радовиш и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот се случил во 23:03 часот и дека потекнува од епицентралното подрачје на Радовиш. Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. 

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово


Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача […]

Променливо облачно со утринска магла и слаб ветер


Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, информира УХМР. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 13 јануари 2023 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 25 минути. Денов трае 9 часа и 24 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее ова деноноќие, а […]

За двајца функционери се покренати постапки од надлежните институции


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вечерва изјави дека за двајца од тројцата функционери за кои нејзиниот Кабинет иницираше постапки поврзани со злоупотреба, веќе се покренати постапки од надлежните институции. – За два веќе имаме фидбек дека има покренато и немам намера да кажувам имиња или да правам сензационализам од ова. Ние […]

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи.   Во ноември се евидентирани и 124 969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските.   Во периодот јануари – […]

Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата


  Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири. Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни. -Нема целосна работна недела, се работи […]

Сали: Италијанската фирма бара околу осум милиони евра отштета за договорот за Клинички


  Министерот за здравство Беким Сали вели дека италијанската компанија за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје бара оштета во износ од околу осум милиони евра. – Имаме еден документ кој што е побарување од осум милиони евра, за кој што исто така, немаме одговор од истата компанија која што […]

Фирмата управител на кулите „Џевахир Скај сити“ ја демантира Општина Аеродром


  Фирмата управител на кулите „Џевахир Скај сити“ реагира на информацијата која што вчера беше испратена од Општина Аеродром и беше објавена од повеќе медиуми. Во реакцијата стои дека „Друштво за трговија и услуги ‘СЕ Клуб фасилити менаџмент сервис’ ДОО Скопје  преку својот полномошник адвокат Мери Васоска од Скопје, категорично го отфрла како невистинит дел […]

Цементарница контра Арсовска: Не загадуваме!


  Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, реагираат од Цементарница УСЈЕ, по најавената кривична пријава од град Скопје, затоа што биле измерени три патио поголеми вредности на загадување од дозволеното.  Имено, вонредната контрола од страна на […]