Вардар од кој го вртиме погледот

Речиси е неподносливо да се гледа Вардар и сето она што го носи низ Скопје. Тој е огледало на нашата некултура и примитивност


Фото: Б. Грданоски

 

Во центарот на Скопје, реката Вардар, место да биде украс, всушност е главен „одвод“ на отпад.

Меѓу купиштата пластични шишиња, тетрапак и гранки, пливаат две-три патки, но сликата е жална. 

Природата очигледно не се откажува, ама ние одамна сме се откажале од неа.

Во продолжение погледнете ги фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски од Вардар, кај висечкиот мост.

Еве ги и кормораните. Нефункционалните фонтани, како да стојат само за нив да ги прифатат: