Денеска евакуирани 39 основни и средни училишта по дојава за бомба


Фото: Б. Грданоски

И денеска пристигнаа закани за експлозивни направи на адресите на повеќе училишта во Скопје. Според полицијата, испразнети се 21 средно и 18 основни училишта во главниот град во државата.

Од МВР појаснуваат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера имаше дојави во 32 основни и средни училишта во Скопје и Прилеп, како и во Основниот суд во Охрид. По извршените проверки се покажа дека сите овие закани се лажни.

Министерството за образование веќе препорача во случај на нови пријави да се организира онлајн настава за учениците откако ќе се вратат во своите домови.