Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп


 Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени дојави за бомби. Пријавите се пристигнати на електронските адреси на училиштата. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од […]

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ


Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ. -Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантски однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за […]

Македонија старее, за десет години исчезнале 150.000 млади


Младите во Македонија , според последните истражувања, покажуваат апатичност, незаинтересираност, а последните години и безнадежност, што е уште позагрижувачки, открива Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи , кој спроведе проект на тема  „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“. истражувањето на . Според овој проект,  само 13% од младите […]

Објава на пресуда за случајот „Кампања“


Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска во 11:30 часот треба да биде објавена пресудата за предметот „Кампања“ во која е обвинет лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата, Љубе Бошкоски. Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 […]

И ова утро дојави за бомби во училиштата во Скопје


Евакуација на учениците и на персоналот се врши во скопското средно училиште „Владо Тасевски“, откако утрово повторно, по кој знае кој пат, добиле дојава за поставена експлозивна направа во објектот.  Вчера, пак, во ова училиште не стигна ваква дојава, иако имаше во други училишта, но и во институции, меѓу кои и председателската палата, музeи, хотели, […]

Уставен суд ќе решава дали материјалите од прислушувањето можат да се користат како докази


  Уставниот суд денеска ќе расправа за барањето на Светскиот македонски конгрес и на сопругот на Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски, во однос на Член 110 од Законот за Јавното обвинителство. Во иницијативата се наведува дека легализирањето на незаконски прислушуваните разговори, селективно извадени од Обвинителството од содржината на стотиците илјади незаконски прислушувани разговори во период од […]

Искуствата од досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади (во живо)


– Споделување искуствата, добри практики и предизвици во досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади во Северна Македонија. На настанот ќе бидат презентирани и искуствата од неколку земји во ЕУ за начинот на функционирање на нивните системи за идентификација, вклучување и индивидуална поддршка на младите луѓе кои предвремено го напуштиле образованието, се исклучени од пазарот […]

Редовно годишно собрание на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи редовно годишно собрание. Како што е најавено, на седницата обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев на тема „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2022 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сѐ во 2023 […]

Спогодба за потрага и спасување во воздухопловството меѓу Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора


Цивилните воздухопловни власти  на Северна Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора денеска во Охрид ќе потпишат спогодба за потрага и спасување во областа на воздухопловството.  На настанот ќе се обратат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев. Со потпишување на спогодбата, се утврдува рамка за соработка […]

Почувствуван земјотрес во Кичево и околината


Земјотрес  со локална Рихтерова магнитида од 2,8 степени е регистриран изутрина во 1 часот и 27 минути 64 километри југозападно од Скопје од епицентралното подрачје Кичево. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот  е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III–IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Министерот Спасовски во Белград на билатерална средба со српскиот колега Гашиќ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во посета на Белград, каде ќе оствари билатерална средба со неговиот српски колега Братислав Гашиќ. Како што соопшти МВР, повод за посетата на Спасовски на Србија е потпишувањето на Протоколот за начинот на извршување гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец


Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 22 февруари 2023 година, 53-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 312 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути. Денов трае 10 часа и 54 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот […]

Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите


Денеска можеме да ги поставиме темелите на општествената одговорност чии плодови ќе ги уживаат идните генерации, што всушност е наша обврска кон нив. Настанот за кој се собравме, доделување на стипендии за студенти, ја истакнува филантропијата на нашите бизнисмени, која е позната и како „општествена одговорност на корпорациите“, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи […]

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Сообраќајот на патниот правец А3 – Битола – Прилеп е нормализиран од 19:25 часот, информира АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец на излез од Битола кон Прилеп после бензинската станица „Пелагонија“ беше во прекин од 16:15 часот поради сообраќајна незгода. Според извори во СВР Битола, во тешката сообраќајна меѓу две патнички возила со битолски и […]

Затворени операционите сали во Прилепската болница, се чекаат резултати од испитувањата


  Шест дена се затворени операционите сали  на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение во Прилепската болница. Оттаму се земени брисеви и се испитува бактериолошката состојба. Ова го потврдуваат од прилепската градска болница „Борка Талески и од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Резултатите од земените брисеви се очекуваат деновиве. Кети Смилеска, директорка на Прилепската болница […]

Предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе добијат интензитет, уверуваат од Кривичен суд


На предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе им се даде интензитет во следниот период, уверуваат од Кривичен суд. Прашани за ризикот од застарување на делата и дали може да се забрзаат овие предмети, од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, велат дека и двајцата судии кои постапуваат по предметите изразиле уверување дека ќе им […]

Реакција на Судскиот совет за изборот на Дуковска за кандидат за уставен судија


  Судскиот совет реагира на информациите презентирани во  јавноста за изборот на судија на Уставниот суд на Македонија  посочувајќи дека од страна на членови на Советот беа предложени тројца кандидати . Бидејќи првиот кандидат ги добил потребните гласови, не се пристапило кон гласање за останатите. -Согласно чл.98 од Законот , Судскиот совет на Република Северна […]

За Даравелски е оформен предмет, дали ќе му се суди – не се знае


Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд. Од […]

Латас и Лазаров ќе одговараат за промовирање насилство врз жени


  Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира […]