Имаме помалку судии, а повеќе завршени предмети, велат од Кривичен суд


Основниот кривичен суд во Скопје во 2022 година има решено над 107 илјади судски предмети, што е рекорден број во последните 50 години, но напливот од околу 110 илјади нови предмети резултира со минус од околу две илјади предмети, на што се должи и оценката „неажурен“ на Судскиот совет. Од Кривичен, на денешниот брифинг со […]

Се чисти и уредува поширокото подрачје во центарот на Скопје


Се чистат и се засадуваат зелените површини во центарот на Скопје, во едновремена акција на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“. ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје соопшти дека од денеска почна со голема акција за чистење на јавните површини во центарот на градот. – Од денес теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ […]

Автокоманда ќе добие зонско паркирање


Општина Гази Баба сака да стави крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, па поради тоа се планира воведување на зонско паркирање. Проектот вечерва ќе биде презентиран во 19.00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“, по кој ќе бидат познати повеќе детали, иако „Вечер“ веќе објави како ќе се движат цените. Жителите на Автокоманда ќе […]

Итна мобилизација за поголема вакцинација против морбили, алармира д-р Даниловски


Познатиот епидемиолог Драган Даниловски со објаснување зошто треба да се зголеми опфатот на имунизација против морбилите.  Неговиот став ви го пренесуваме во цеслот.  -И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот […]

Стипендии за студирање и професионално усовршување во Хрватска


 Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Хрватска за академската 2023/2024 година. Рокот за доставување на апликациите е 20 март 2023 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. […]

Сите административци ќе одат на обука за сајбер безбедност


Владата на денешната седница на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор. Овие мерки, како што информираат од владината прес-служба, следуваат по серијата активности за координација […]

ХПВ – вакцинацијата и масовен скрининг се најдобра превенција против рак на грло на матката


Потребно е подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување на рак на грлото на матката и што помасовен скрининг, беше заклучено на денешната панел дискусија „„Искоренување на ракот на грлото на матката – како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија?”, што беше организирана од […]

Лажни се дојавите за бомби во музеите и во девет скопски училишта


 Лажни се пријавите за поставени бомби во Управен суд, Музеј на македонска борба, Археолошки музеј, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски и девет училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Ова било утврдено по направените потребни проверки, а во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна […]

Ниту кривична за ФЗО, ниту штрајк на НСДА откако се исплатија платите на медицинарите


Независниот синдикат на државна администрација денеска соопшти дека нема да организира, ниту пак ќе учествува во протест или штрајк бидејќи е исполнето барањето за исплата на плата за јануари за здравствените работници.    – По основ на искажаното дека нема да поднесеме кривична пријава против одговорно лице/фирма в.в. со оштетувањето на ИКТ систем (дознавме од […]

Лајка: Нема ништо поштетно од партиското препукување место решавање на проблемите


  Речиси секој ден се регистрираат нови напади од улични кучиња низ скопските улици, а само за минатата година градот Скопје исплатил 10 милиони денари како отштета на граѓани кои биле каснати. Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски за „Студио 10“ вели дека Министерството за внатрешни работи (МВР) мора да ги засили контролите, затоа што […]

„Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“


Во соработка помеѓу Центарот за истражување и известување за животната средина „Еко-Свест“ и КСП Центар „Јадро“, на 22  февруари, среда, во 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“. Изложбата ќе биде поставена во КСП Центар „Јадро“ и ќе биде отворена за посетителите до 28 февруари. На изложбата ќе бидат […]

Синови, ќерки, снаи, сопруги ќе станат идни судии и обвинители


Синови, ќерки, снаи на судии и обвинители и на поранеши претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, се  дел од имињата на конечната ранг-листа на 57 кандидати од седмата генерација што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Согласно со законската обврска, Академијата […]

Ќе останеме без бурек, бурекџиите сѐ постари и пред пензија


  Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата […]

Македонскиот јазик е во службена употреба во Србија


  Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на Србија по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, соопшти дека во државата, покрај српскиот, во официјална употреба се уште 12 други јазици на националните малцинства. Во 42 локални самоуправи во официјална употреба се албански, босански, бугарски, буњевачки, унгарски, македонски, романски, русинскии, словачки, […]

Две закани за бомби и за пукање во прозорците во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, и денеска нема настава


 Прилепскиот кризен штаб побара и очекува упатства како да се справат со најавите за бомби. Особено откако во текот на вчерашниот ден имаше дојави со различен карактер во две основни училишта, во ОУ „Гоце Делчев“ и во ОУ „Блаже Конески“. Во основното училиште „Гоце Делчев“ имаше на двапати дојави, претпладнето и при попладневната училишна смена, […]

Се испитуваат вешти лица за несреќата кај Ласкарци


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се испитува вештото лице Јованка Савова во врска со несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени. Савова е дел од тимот што го изготви супервештачењето кое судот го нарача во декември 2021 година. На […]

Битола бара помош од владата за да изгради прифатилиште за бедомни кучиња


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и членовите на Советот на Општина Битола побараа владина поддршка, финансиска помош за решавање на проблемот со кучињата скитници, односно изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Од Општина Битола информираат дека обезбедена е локација за изградба на прифатилиштето, што се наоѓа во непосредна близина на средното земјоделско училиште „Кузман […]

Лажни се дојавите за бомби во трговските, музеите и Транспортниот центар


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел „Мериот“, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ „Бисер“ и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и […]

Дојава за бомба испразни и 11 училишта во Скопје


Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центри и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта.   Како што потврди Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки. -Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси […]

Меѓународен ден на мајчиниот јазик


 Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност […]