МНР интервенирало за средношколците заглавени на „Хоргош“ да поминат граница


Фото: Б. Грданоски

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин. 

Воедно, би сакале да потстиме на дежурните контакт точки на Министерството за надворешни работи за пријавување на било какви проблеми при патувањата во странство. Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: 

Нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 

Нашиот меил: [email protected]

Како и информациите на нашиот веб: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/45/dezhurni-broevi-za-itni-situacii