Околу 450 Бугари гласале во Македонија


 

Од 3.504 граѓани кои се изјаснија за Бугари на последниот попис на неделните избори за бугарското собрание на седумте избирачки места во Македонија гласале 453 лица. Тоа е 13 отсто од вкупниот број граѓани што се изјасниле како Бугари на пописот.

Две од овие гласачки места беа во официјални државни претставништва – амбасадата на Бугарија во Скопје и генералниот конзулат во Битола, додека другите се во хотели, приватни објекти или во трговски центар. Освен во Скопје и Битола, Бугарите гласаа и во Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп.

„Најголемиот број гласачи се во Скопје, каде во бугарската амбасада, правото на глас го реализирале 186 лица, малку повеќе од оние што гласаа на изборите во октомври минатата година, кога во Скопје гласаа 172 лица. Во Охрид гласале 65, а во Битола 55 гласачи“, објави 24 часа. Според весникот, најмалку гласачи (7) гласале во Тетово.

На изборите лани во октомври гласаа 461 Бугари во Македонија.