И за „Цар Борис III“ нема место во Централниот регистар


 

Централниот регистар денеска го спроведе решението на министерот за правда, Кренар Лога, и го избриша Културниот центар „Цар Борис III“ од Охрид. Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на бугарскиот владетел кој во чие време земјата влезе во Тројниот пакт со Хитлер и потоа ја окупираше Македонија.

Претходно Комисија за употреба на имиња на историски личности, даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам… Културниот центра „Ванчо Михајлов“ од Битола, беше избришан од Централниот регистрар пред две недели, затоа што одби да се пререгистира, а утрово е избришан и културниот центар „Цар Борис III“, од Охрид затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација.