Донација од Грција за прилепската градинка „Гоце Делчев“


Школски прибор, храна и сокови донираа грчките компании во земјава преку амбасадата на Република Грција во Скопје и преку конзулатот од Битола за децата во прилепската градинка „Гоце Делчев“. Костадинос Прокакис од грчката амбасада во земјава рече дека донацијата е симболична, ама е најава за соработка. -Донацијата е мала и симболична, но битно е што […]

Податоците во Фондот се безбедни, нема одговор дали е платен откуп за хакирањето


  Дилемата дали брзото враќање на системот на Фондот за здравствено осигурување во функција е резултат на платен откуп на хакерите кои го држеа заробен 13 дена, остана без одговор на денешниот брифинг со новинарите од страна на директорката на ФЗО, Магдалена Филиповска-Грашкоска, исто како и дали некој ќе понесе одговорност за она што се […]

Лажен профил на советникот Сакалиев од Кавадарци ширел недолични коментари на интернет


  Советникот во Совет на општината Кавадарци, Ристо Сакалиев пријавил во полиција, дека лажен профил со негова фотографија, пишувал недолични коментари на интернет. Во изјава за МИА, тој појасни дека непознато лице ја злоупотребило неговата фотографија од Фејсбук групата „Група избирачи Ристо Сакалиев, инаку тој нема личен фејсбук-профил. Сакалиев нагласи дека верува оти измамникот ќе […]

Оперативните сали во прилепската болница остануваат затворени


Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар […]

(Во живо) По брифингот во ФЗОМ за хакерскиот напад


Проследете ја изјавата на директорката на ФЗОМ Магдалена Филиповска Грашкоска  Денеска, на одржаниот брифинг со новинарите, рече дека не смее да изнесува детали за тоа колку пари бараат хакерите. Таа информираше дека е отворена истрага за случајот.

Колективно купување инвертери, нова кампања на ОПМ


Најмалку десет отсто пониска цена за секој клима уред и евентуално бесплатно монтирање, очекува Организацијата на потрошувачите (ОПМ) од новата кампања за колективно купување инвертери што стартува денеска.  За кампањата е подготвена посебна веб платформа www.kolektivnokupuvanje.mk, на која потрошувачите може да се регистрираат, а потоа и да добијат понуда за купување инвертер клима уред. -Преку колективното […]

(Во живо) Прес на Андонов за енергетската состојба


Прес-конференција ќе одржи соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на која ќе информира за енергетската состојба.

Министерката Петровска пристигна во Украина, ќе се сретне со претставници на украинските власти


Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет. Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, соопштија од МО, ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше […]

Дојави за бомби стигнале во 66 училишта во Скопје и едно во Прилеп


Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка.  Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички […]

Одлежа пет години, а сега Љубе Бошкоски е судски ослободен за случајот „Кампања“


  Љубе Бошкоски може да биде задоволен дека сепак се изборил за правдата. И покрај тоа што помина пет години затвор за делото во случајот „Кампања“ за кое денеска е ослободен. Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија се жалеше до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за случајот кој […]

Жан Митрев му држи лекции на Гаврил Бубевски


    Одбраната на Клиниката „Жан Митрев“ реагира на последната изјава на шефот на Основното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, каде лицитира со нови бројки на пријавени за случајот поврзан со Клиниката.   „Презумцијата на невиност во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката треба да биде сериозно почитувана од страна на обвинителството. Со начинот и […]

Спасовски: Интензивна соработка со МВР на Србија, разменети искуства


Топло добредојде во Белград од страна на мојот српски колега, МВР на Република Србија, Братислав Гашиќ, на чија покана денеска сум во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, со цел да оствариме билатерална средба да ги размениме нашите искуства и мислења за продлабочување на соработката, објави министерот за внатрешни работи Оливер […]

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди


Од утре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер и ќе има локални врнежи од дожд.

Протест на медицинарите: Си одат медицински сестри и лекари, платата им се израмнува со техничкиот персонал


Здравствени работници во Скопје и во останатите градови низ државава, Штип, Куманово, Македонска Каменица, Делчево, Тетово,… претпладнето на протест во тек на паузата побараа покачување и исплата на платите без доцнење, усогласување со промените на минималната плата, потпишување колективен договор, подобри услови за работа и задржување на медицинскиот кадар во земјава… – Упадот со нацрт-законот […]

Џафери за патните трошоци на пратениците: Собранието нема други механизми за испитување на веродостојноста


 Спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите во врска со високите патни трошоци кои ги добиваат пратениците истакна дека Собранието нема инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот. -Прво и основно, со Деловникот е пропишано под кои услови се остварува правото патни трошкови и користење стан за таа намена, значи како алтернатива. […]

Граѓаните за да ги завршат обврските во банка користат пауза или слободен ден


Работното време на експозитурите на банките во земјава е до 16 часот. Мал дел од нив работат до 17 часот. Ова е периодот во кој граѓаните можат да ги завршат обврските на шалтерите во банките, но оние чии работни обврски не дозволуваат да излезат од работа, се оневозможени да го сторат тоа. Дел од нив […]

Во сите основни училишта во Ѓорче Петров и во Гази Баба има дојава за бомба


Дојави за бомби денеска има и во сите основни училишта во Ѓорче Петров. Градоначалникот Стојкоски на својот фејсбук профил објави дека се спроведени протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. „Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел […]

Со Гаранција за млади досега опфатени над 80 илјади, околу 40 проценти од нив добиле понуда за вработување


Пристапот во справување со невработеноста на младите лица на пазарот на труд покажа видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите. Во 2021 година околу 94 илјади млади луѓе во државата не беа вработени, не беа вклучени во образование или обука што одговара на четвртина од вкупното младо население. Овој удел, иако сѐ уште голем, […]

Каблите на „Ленинова“ ќе бидат подземни, за да не се испреплетуваат во крошните на дрвјата


 Градежните зафати на улицата „Ленинова“ течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше. -Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе […]

Седум основни училишта во Центар се евакуирани


Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар. На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба.   Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во […]